Контакт

Daily news

„Струмица опен“ почна со уметност

Објавено пред

Вчера почна шестото издание на фестивалот „Струмица опен“. Фестивалот беше отворен пред библиотеката „Благој Јанков – Мучето“ со откривање два мурала на уметниците Ване Костуранов и Никола Пијанманов. Потоа тука се одржа и рок-забава со настап на бендот „Контакт 59“, предводен од Љубен Маџиров, син на неодамна починатиот Зоран Маџиров.

„Струмица опен“ ќе трае до 13 август, а во следните десет дена, на 5 сцени во 20 настани, ќе настапат над 80 уметници.

Музичкиот дел на „Струмица опен“ почнува на 11 август со браќата Тавитјан и специјалните гости Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и Жељко Бебек.

Истата вечер ќе настапи и бендот „Галија“. Потоа ќе има журка со  Александар Галоски и „Пада Пада рекордингс“.

В сабота, на 12 август, ќе настапат Дани Димитровска, рок-составот „Ван Гог“, една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга, диџеј Мистик и „Астраион проџект“.

В недела, на 13 август, ќе настапат Нино Величковски, „Квин ријал трибјут“ и електронските дуа „Дисконектет“ и „Кирилик“. Фестивалот ќе го затвори балканската ѕвезда и кантавтор Дино Мерлин. 

Најново

Спорт2 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт2 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт2 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт3 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт3 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт3 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт3 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт5 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника6 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...