Контакт

Daily news

Судењата за трите „Титаника“ на СЈО никако да допловат до термини за рочишта

Објавено пред

Судењата за изборните измами на специјалното јавно обвинителство под кодно име „Титаник“, најверојатно, ќе почнат последни. Со обвиненијата на СЈО опфатени се повеќе кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за изборна кампања, повреда на слободата на определување на избирачите, уништување изборен материјал… Од кривичниот суд на брифинг со новинарите денеска соопштија дека делумно или целосно се одобрени сите обвиненија на СЈО. Некои од предметите на тимот на Јанева веќе се во тек, а за преостанатиот дел закажани се судски рочишта. Сепак, предметите под кодни имиња „Титаник“, „Титаник 2“ и „Титаник 3“ за изборни измами, најверојатно, ќе започнат последни. Обвиненијата за овие предмети беа поднесени лани на 29 јуни.

„Титаник 2“
Уште лани до Апелациониот суд е поднесена жалба од специјалното јавно обвинтелство за изземање на управните судии во предметот за изборни измами „Титаник 2“, но кривичниот совет на овој суд сè уште не донел одлука. Судијата Сафет Кадрии за „Макфакс“ потврди дека жалбата на СЈО за тоа дали треба кривично да одговараат судиите од Управниот суд сè уште не е разгледана. Рокови за одлука нема. СЈО ја обжали и одлуката кривично да не одговараат судиите што донесуваа одлуки за прегласување во општините Чаир и Струмица под партиски диктат. Советот за оценка на обвинението при кривичниот суд претходно не прифати за злоупотреба на службената положба да одговараат петте управни судии: Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула. „Макфакс“ објави дека судиите се повикале на имунитетот што Судскиот совет им го одзеде на седница во август лани. Одлуката на Судскиот совет беше по барање на судијката Верка Петковска. Предметот „Титаник 2“ треба да го суди судијата Огнен Ставрев.

„Титаник 3“
Иако обвинението за Ејуп Алими и Исмет Гури е одобрено, судијката од одделот за кривично-полнолетни, Оља Ристова, сè уште го нема закажано судењето за овој предмет. Неофицијално, причина е фактот што на судијката ѝ се натрупани стари предмети за кои мора да се закажат рочишта. Алими и Гури, според обвинението на СЈО, се обвинети за уништување изборен материјал.

„Титаник“
За првиот и најсложен предмет на СЈО, „Титаник“, истрагата е отворена точно пред 2 години. Но, освен името на судијата Осман Шабани, сè уште нема термин за првото рочиште. На судијата Шабани ова му е трет предмет на СЈО. Освен „Титаник“, Шабани ги суди и предметите „Топлик“ и „Тендери“. Во „Титаник“ обвинети се 20 лица за изборни измами, меѓу кои и врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Леко Ристовски. Првпат на обвинителна клупа ќе седне и Илија Димовски. СЈО бара на обвинетите да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиона евра.

В. Маглешов

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија6 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија7 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија9 часа

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија9 часа

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија10 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Македонија11 час

Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на...

Македонија12 часа

(Видео) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за...

Култура12 часа

Чудни коинциденции го следат победникот на „Санденс“, за „Медена земја“ и награда и дете

Телефонски повик непосредно пред премиерата што го добила екипата на трикратно наградениот македонски документарец на престижниот фестивал  „Санденс“ ги потресла...

Македонија12 часа

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ13 часа

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија13 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија15 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија16 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет17 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет18 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет19 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет19 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет20 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Досие