Daily news
Судот во Египет осуди 20 лица на смрт заради убиство на полицајци
Судот во Египет осуди 20 луѓе на смртна казна заради убиство на 13 полицајци за време на насилствата што избувнаа во 2013 година по смената на претседателот Мохамед Мурси, соопштија судските власти.
По смената на Мурси неколку стотици приврзаници на исламистичкиот претседател се осудени на смрт во масовните судења, кои меѓународните невладини организации ги осудија заради кршење на човековите права. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
