Контакт

Daily news

СФФ- „Студент“ на Серебреников и „Еволуција“ на Хаџихалиловиќ

Објавено пред

Во рамките на Скопскиот филмски фестивал, утревечер (четврток), во киното „Фросина“ во 18.00 часот ќе биде прикажан рускиот филм „Студент“ во режија на Кирил Серебреников.
Филмот зборувба за борбата на волја меѓу фанатично ортодоксниот тинејџер Вења и неговата наставничка по биологија, атеистката Елена, режисерот Серебреников создаде длабоко вознемирувачко, моќно и визуелно ремек-дело.
Вења ја открива религијата, што предизвикува бранувања во неговото училиште во современа Русија.
Она што почнува како шега станува малку позлокобно кога Вења ќе ги прифати екстремистичките ставови за улогата на жените, инфериорноста на Евреите и злото на хомосексуалноста и се заканува да премине во насилство. Филмот нуди универзално релевантно истражување на религиозниот фанатизам, а во исто време и осудувачки, сатиричен поглед на модерна Русија, земја чии најголеми институции сè повеќе се под доминација на реакционери и фанатици со средновековни размислувања.
Два часа подоцна (20.00) е француско-белгиско-шпанскиот филм „Еволуција“ на Луис Хаџихалиловиќ.
Помина повеќе од една деценија од впечатливото деби на Лусил Хаџихалиловиќ „Невиност“ (2004), која во меѓувреме беше косценаристка на филмот на Гаспар Ное „Влез во празното“. Нејзиниот долгоочекуван нов игран филм „Еволуција“, кој се случува на еден мистериозен остров, и самиот е како загадочна карпа, далеку од истражените филмски мапи. На островот живеат  само млади момчиња и нивните постари негувателки. Со заедницата доминира мрачна бетонска медицинска установа на блискиот ‘рт, каде што ги праќаат сите деца „да се излечат“, а таму подлежат на вознемирувачки медицински процес. Кога едно од децата, Макс, ќе го открие телото на друго дете во морето, ќе почне да се сомнева во тоа што им го кажуваат. Ова е приказната за свеста што еволуира и води кон раѓање на скептицизам – и поконкретно, недоверба кон властите што буди желба за потрага по подобар свет.
Страшен, привлечен и прекрасно снимен и дизајниран, „Еволуција“ создава филмски свет што е крајно морничав и вистински ве обзема, а се одвива како чудесен сон кој е постојано на работ на кошмар.


Последната проекција за утревечер во „Фросина“ во 22 часот е резервирана за „Камено срце“ на исландскиот режисер Гудмундур Арнар Гудмундсон.
Ова филмско остварување, ги следи приказните на Тор и Кристијан, двајца најдобри другари во претпубертетски/преттинејџерскигодини, кои живеат во мало село во рурален Исланд. И на двајцата животот дома им е тежок – родителите на Тор се отсутни, а таткото на Кристијан е пијаница и насилник – но тие наоѓаат прибежиште еден во друг и во времето што го минуваат лутајќи низ селото, бегајќи од тепачите и врткајќи се околу локалната кафеана. Ќе имаат турбулентно лето кога едниот ќе се обиде да го освои срцето на една девојка, додека другиот открива нови чувства кон најдобриот другар.
„Камено срце“ го истражува созревањето на двајца млади другари и го анализира прифаќањето на хомосексуалните чувства и страсти. Тој е портрет на внатрешниот конфликт што ќе ги раздели, а потоа повторно ќе ги спои главните ликови. Од светот на игри и себеспознавање, транзицијата ќе биде тешка, шокантна и болна во обидот да се справат со деликатниот и суров премин во зрелост. Ова е трогателно, добро одиграно и визуелно прекрасно деби што ветува и фрла нежен поглед на превирањата во чудните години. крај/мф/ав

 

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет8 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет8 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет8 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника9 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет9 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија10 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...