Контакт

Daily news

СЈО го „скрши мразот“, ќе има нова средба со врвот на Македонски телеком

Објавено пред

Тим од Специјалното обвинителство на чело со обвинителката Ленче Ристоска денес напладне оствари едночасовна работна средба со првите луѓе на Македонски телеком, откако четирипати претходно СЈО не успеа да добие судски налог за претрес во рамките на двете истраги поврзани со масовното прислушување од 2008 до 2015 година.

Како што неофицијално дознава Макфакс, средбата била конструктивна и во функција на запознавање, на која било договорено констулациите да продолжат и натаму.И двете страни ги изнеле своите аргументи,но не се изнесуваат никакви детали околу тоа дали ќе се овозможи влез на СЈО во базата на податоци на најголемата телекомуникациска мрежа во државата.

Минатата недела во медиумите беше објавено дека СЈО ќе има средба со членовите на Одборот на директори на македонскииот Телеком од Германија и Унгарија. СЈО тогаш потврди дека откако се соочи со опструкции од претставниците на македонскиот државен капитал во компанијата и од судот кој измислува разни причини за да не даде налог за претрес сега бара согласност за пристап до податоците на операторот, во рамки на отворените истраги за масовно прислушување на граѓаните преку најголемиот телефонски и мобилен оператор во Македонија.

Македонската компанија на Телеком, во кој Дојче Телеком има мнозинска сопственост преку унгарската компанија, досега одбиваше да соработува и да ги достави до СЈО податоците кои писмено Катица Јанева ги има побарано веднаш по отворањето на истрагата за прислушувањето.

Ова обвинителство се обидува да влезе во Телеком од 18 ноември лани, кога ја отвори истрагата „Таргет“ за масовно прислушување во Македонија, но Основниот суд Скопје 1 четирипати одбива да му даде судски налог за влез во компанијата.Досега се добиени податоци само од еден оператор,од кој СЈО обезбеди докази за околу 5.000 нелегално прислушувани телефони, што ги обезбеди на 19 октомври лани, кога со судски налог влезе во УБК за да изврши претрес и контрола на системите за следење на комуникации.крај/макфакс/г.д

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура1 час

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион4 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија4 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион4 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт5 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија5 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ5 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија7 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет8 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија10 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија10 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет11 час

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија11 час

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет12 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ12 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт12 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион1 ден

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет1 ден

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Досие