Контакт

Daily news

Табаков: Заев брутално си поигрува со вработените на Колска

Објавено пред

Зоран Заев брутално си поигрува со вработените на Колска – изјави Александар Табаков од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Заев на средбата со вработените на 27 јули им вети дека за една недела ќе ги исплати платите кои заостануваат. Поминаа 2 месеци, пари ниту еден вработен не виде.

Македонија се враќа во транзицијата на СДС каде фабрики се затвораат, а работници штрајкуваат. Заев безочно излажа.

Со месеци во агонија ги држат вработените од велешка Колска без плата и без здравствено осигурување.

Со месеци ги лажат дека ќе го решат проблемот и наместо тоа, парите наменети за вработените во Колска ги трошат на шарените послушници кои ги вработија во државните институции.

Ни трага ни глас од помпезното најавување на велешанецот Анѓушев за трајно решавање на проблемот со вработените во Колска. Само паушални ветувања и груби лаги, тоа се методите со кои се служи СДС.

Владата на Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја стопираа постапката за приспојување на Колска кон Македонски Железници – Транспорт, која беше пред завршување, и ги оставија вработените на милост и немилост.

Дали вработените и нивните фамилии ќе чекаат уште една година на милоста на Зоран Заев и Кочо Анѓушев?

Но, така е секогаш кога СДС ветува за Колска. Денес вработените ги лажат Заев и Анѓушев, а претходно истото го правеше и Аце Коцевски – нивниот вечен кандидат за градоначалник.

Додека министрите на СДС си прават тендери за пијалаци и бадеми, вработените молат за исплата на заработените плати. Наместо да лажат, јавно да излезат и да ја кажат вистината пред вработените.

Неспособното СДС уште една докажа дека не се грижат за граѓаните. Единствено имаат гајле како да се збогатат додека индустријата тоне, економијата остварува негативни резултати, а граѓаните се сè посиромашни.

Ова ли е животот што го ветувавте? Ова ли е зборот со кој се фалите на вашите медиумски мегафони? Поради лагите што ги ширите, казната ќе ја добиете на локалните избори на 15 октомври“, изјави Александар Табаков.

 

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Мировниот договор мора да биде траен; на Киев не може да му се наметне диктат – Стармер и Шолц со пораки од Париз

Британскиот премиер Кир Стармер сподели кратко видео на социјалните мрежи од француската престолнина, велејќи дека сите сакаат мировен договор –...

Македонија4 часа

Ранливите потрошувачи ќе можат да плаќаат 1.000 денари помалку во месецот за струја, усвоена е програмата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за...

Македонија5 часа

За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20 проценти

Поголем дел од граѓаните – 62 отсто го поддржува процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), покажува...

Македонија6 часа

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“...

Македонија10 часа

Арсовска останува на функцијата дури и да се изгласа отповик на градоначалник пред летото, законот не е ретроактивен, вели Перински

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе остане на функцијата до крајот на мандатот дури и да бидат изгласани измените на...

Македонија10 часа

Угинаа животни во ЗОО Скопје, сомнежот е дека станува збор за труење, резултати се очекуваат по обдукција

Во текот на минатата недела, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи...

Македонија10 часа

Милошоски ја правда потребата од нов државен грб: Македoнија не треба да остане во друштво со Белорусија, Таџикистан и Ангола

Прашањето за менување на државниот грб не е поврзано со никакви избори, истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Ги отфрли...

Топ12 часа

Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни...

Македонија12 часа

(Видео) Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се...

Свет14 часа

Орбан: Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Украина може да се претвори во „верзија на европски Авганистан“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да обезбеди мировен...

Свет14 часа

Трамп сака мир во Украина до Велигден, пишува Блумберг

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој...

Свет14 часа

(Видео) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа девет луѓе

Најмалку девет лица ги загубија животите во текот на викендот бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави во југоисточниот дел на САД,...

Свет15 часа

Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се...

Европа15 часа

Стармер е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно

Британскиот премиер Кир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно...

Европа15 часа

(Видео) Украинците нападнаа руски регион со дронови, погодена рафинерија

Во напад на украинско беспилотно летало врз рускиот регион Краснодар е повредено едно лице, а оштетени се најмалку 12 куќи,...

Македонија1 ден

„Валкани пари – смртни последици“ – во Скопје нов потестен марш по смртта на Фросина Кулакова

Голем број граѓани и денес, по трет пат, се собраа на протест на кој се бараше правда за Фросина Кулакова,...

Топ1 ден

Во полиција задржан тинејџерот од Косово кој прегази пешаци на улица во Скопје, МВР поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа околу 22 часот удри пешаци во Скопје на улицата Дринска. Седумнаесетгодишникот од...

Македонија1 ден

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот, Христијан Мицкоски, истакна...

Македонија1 ден

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на...

Македонија1 ден

(Видео) Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште. Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека...