Daily news
Тачи: Војската на Косово ќе биде формирана до крајот на годината
„Војска на Косово ќе биде формирана до крајот на оваа година и тоа никој не може да го запре, изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи, за Радио телевизија Косово.
Вооружените сили на Косово ќе се формираат оваа година во процес на координација со НАТО и другите меѓународни партнери.
„Никој, или внатре или надвор од Косово, нема да биде во можност да го спречи
Процесот“, рече тој додавајќи дека ова е волјата на народот на Косово.
Тачи рече дека Косово ќе биде мултиетничка армија во согласност со стандардите на НАТО. Тоа ќе биде војска на независна и суверена држава, а ние ќе работиме на вклучувањето на сите заедници во идната војска на Косово, што е услов за партнерство и членство во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
