Контакт

Daily news

Темелко им давал по 20 евра на гласачите

Објавено пред

Обвинетиот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко, според обвинителниот акт, прифатил да организира и носи лица од Албанија во Македонија за на противзаконит начин да им се определи адреса на живеење во општини каде што обвинетите сметале дека им се потребни дополнителни сигурни гласачи.

dobivaj vesti na viber

Притоа, за изборите во Центар во 2013 година, со уште двајца други обвинети од Пустец, донел 625 лица, на кои подоцна им се издадени важечки документи со истата намера. Темелко, како што е наведено во обвинението, пред локалните избори во 2013 организирано довел 366 лица во Ресен и 207 во Кичево за да бидат фотографирани за лична карта со место на живеење во овие општини со намера подоцна да се впишат во Избирачкиот список и да имаат право на глас.

„Постапувајќи по планот на групата, обвинетиот Е.Т. за време на одржувањето на локалните избори во 2013 година и за време на одржувањето на предвремените парламентарни избори и претседателските избори во 2014 година, искористувајќи слични околности, на лица со избирачко право им давал подарок од по 20 евра со намера да ги придобие да го извршат избирачкото право – пишува во обвинителниот акт за „Титаник“.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ44 минути

Автомобил прегази велосипедистка во Прилеп, жената загина на лице место

Четириесет и двегодишна жена загина во сообраќајна несреќа во Прилеп, кога додека управувала велосипед во неа удрил автомобил. Несреќата се...

Македонија53 минути

Гужви и нервоза оти е затворен влезот на Охрид; Пецаков: Ова што го правите нема смисла!

Поради изградба на автопатот, затворен е влезот на Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков реагира, негодувајќи дека тоа е случува на почетокот...

Свет1 час

Од пуст остров до планини со мечки: приказни на деца кои ја победиле смртта како хероите од амазонската џунгла

Четирите мали деца кои преживеаја 40 дена во амазонската џунгла ги привлекоа светските наслови, триумфирајќи наспроти шансите. Четириесет дена откако...

Македонија2 часа

МВР: Лага е дека директорот на БЈБ влијаел во случај каде се тепани полицајци и бил инволвиран син му

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ им пречат одличните резултати на полицијата во справувањето со криминалот, па затоа шират лаги, реагира МВР откако...

Македонија2 часа

Муареми ја тужи Русковска: Во емисии лажеше и ме клеветеше, ќе докажам

Ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, поднел тужба против обвинителката Вилма Русковска која го гонеше, а вчера предметот беше затворен...

Свет4 часа

Како децата преживеаjа 40 дена во густата џунгла – биле од домородна заедница, го користеле знаењето на нивните предци

Неухранети и изедени од инсекти, ги пронашла војската четирите деца кои 40 дена живеле сами во џунгла по авионска несреќа...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на БЈБ влијаел врз случај каде се тепани припадници на полицијата

Дали директорот на Бирото за јавна безбедност влијаел врз случај каде се тепани припадници на Единицата за брзо распоредување? Вадени...

Свет5 часа

(Видео) По 40 дена во џунгла најдени се живи четирите деца од авионската несреќа во Колумбија

Четири деца во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа...

Свет5 часа

Бајден ги носи кутиите со доверливи документи насекаде, рече Трамп и за обвинителот кажа дека е психопат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави фотографија од обвинителот Џек Смит на својата социјална мрежа „Вистина“, додека ги читаше обвинувањата...

Свет5 часа

Доверливите документи за нуклеарната програма на САД, Трамп ги чувал во купатило

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за реизбор следната година, е обвинет по 37 точки од обвинението за незаконско...

Македонија15 часа

Работна група на СДСМ ќе ги продолжи разговорите со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

ЦО на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент...

Македонија17 часа

(Видео) Ковачевски за барањата на ВМРО-ДПМНЕ: Се надевам дека секој ќе остане на својот кажан збор

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека по лидерската средба одржуваат состаноци на ИО и на ЦО на кои партијата...

Македонија19 часа

Муареми по отфрлањето на кривичната: Предметот беше за дискредитација, им беше во прилог на криминални структури

Ексдиректорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, затворањето на предметот против него го смета за правда која ја очекувал....

Македонија21 час

Арафат Муареми прогласен за невин, претресот на Русковска бил залуден и не донел докази, тврди Обвинителството

Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција и вработени службеници во Управата за финансиска...

Македонија22 часа

(Видео) Штипјанец шета со оружје и стрела животни, друг влече куче врзано на автомобил – се бара итна истрага против насилниците

„Анима мунди“ објави вознемирувачки видеа од двајца мажи од Штип и Виница, кои малтретираат животни. Додека штипјанецот среде бел ден...

Македонија1 ден

Загина жената што се преврте со автомобил во тунелот кај Демир Капија

Почина жената која била возач на автомобилот што се преврте во тунелот кај Демир Капија. Таа имала 47 години и...

Македонија1 ден

Меџити појаснува за лекувањето на Косовците: Ова и порано функционирало, граѓаните со здравствено нема да се подредени

Во врска со ценовникот за давање здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и...

Македонија1 ден

Слупчане не попушта, во Арачиново денеска се завршува постапувањето на ЕВН за кражбите на струја да паднат на 10 отсто

Во кумановско Слупчане колективниот отпор за влез на екипите од ЕВН во селото трае, а за компанијата, Арачиново е успешна...

Регион1 ден

Предлогот на Рама за формирање ЗСО во Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за статутот на заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, е потврдено за...

Македонија1 ден

Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета, тој не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави, вели Најчевска за Меџити

Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да бидат...