Контакт

Daily news

Тепачка во кафе бар во Охрид

Објавено пред

Во неделата во околу 4 часот во полициската станиц од ОН-Охрид, В.О. (26) пријавил дека околу 01,45 часот, тој заедно со неговите другари Ж.М. и Н.П. сите од Струга дошле во Охрид поточно во кафе бар, додека неговото возило го паркирал во непосредна близина. Во кафе барот му пришол А.А. од Охрид со кого се познавал и побарал да излезе надвор, а во еден момент физички го нападнал и го удрил со тупаница во пределот на стомакот.

Во тој момент неговите другари го отргнале, но А.А. физички го нападнал Н.П. удирајќи го со тупаници. Од страна на обезбедувањето на објектот сите лица биле остранети надвор, но А.А. заедно со уште неколку други лица почнале да ги бркаат кон возилото и со камења почнале да фрлаат оштетувајќи го истото.

В.О. со возилото се упатил према ПСОН Охрид за да го пријави настанот, но бил следен од возило кое го пресретнало и од истото излегле А.А., Ф.Т. и уште две засега непознати лица и повторно почнале да фрлаат со камења при што му го оштетиле возилото. Откако биле забележани од страна на УПС, истите се дале во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно за расчистување на случајот./крај/мф

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

(Видео) Итно евакуирани патници од авион на аеродромот во Дизелдорф

Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно беа евакуирани откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците...

Македонија17 часа

Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус. Станува збор за еден член на...

Македонија18 часа

Макрон ја отвора вратата на ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија во март е позитивен,...

Македонија19 часа

Изгласани измените на изборниот законик – Дебар и Маврово-Ростуше се преместуваат во петтата изборна единица

Утринава пратениците во Собранието го изгласаа предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со што Дебар и Маврово-Ростуше од шестата...

Топ19 часа

Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Утрово околу 5 часот дошло до пукање во казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје пришто убиени се две лица....

Свет20 часа

Вкупно 1.523 лица починаа од вирусот во Кина, а 66.492 се заразени

Во Кина досега 1.523 лица починале од коронавирусот, а заразени се 66.492 лица, изјави официјалниот претставник на Националната здравствена комисија...

Македонија22 часа

Разрешена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи

Собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката...

Македонија2 дена

Џафери: Ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од еден час по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи....

Свет2 дена

Во пожар во сиропиталиште на Хаитите загинаа 13 деца

Тринаесет деца загинаа во пожар во сиропиталиште во близина на главниот град на Хаитите, Порт-о-Пренс, соопштија вработени за грижа на...

Свет2 дена

Штајнмајер ги обвини САД, Кина и Русија за небезбедноста во светот

Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмајер, порача дека меѓународната политика влегува во мрачна доба за што се одговорни светските сили САД,...

Интервју/Дебата2 дена

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Јавноста нема да слушне дел од разговорите меѓу Милески и Јовановски под образложение дека се сензитивни

Јавноста е исклучена од денешното рочиште за „Рекет“, додека во судницата зе слуша нов разговор, кој според обвинителката Вилма Русковска...

Македонија2 дена

Груби: Од прв до последен ќе гласаме за законот за ЈО, ДУИ нема никакви условувања

Ставот на ДУИ е дека даваме недвосмислена поддршка за сите договорени закони, истакна претставникот на оваа политичка партија Артан Груби,...

Македонија2 дена

(Видео) Јовановски: Доцниме на судење бидејќи бев нападнат од затворски службеници

Спроводот на Бојан Јовановски од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари доцнеше 20 минути, а при влезот во судницата, тој кажа...

Македонија2 дена

Дескоска и пратениците од СДСМ нема да се јавуваат за збор за законот за ЈО за да заштедат на време

По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза од еден час...

Македонија2 дена

Спасовски: Да се донесат законите, а потоа да се распушти Собранието

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони коишто се важни за граѓаните, па...

Македонија2 дена

(Видео) Заев на „Ал џезира“: Немаме алтернатива за европската иднина, да не дозволиме враќање на национализмот

Нашата земја нема друга алтернатива освен градење европска иднина, не смееме да дозволиме враќање на национализмот, изјави претседателот на СДСМ,...

Свет2 дена

Над 1.300 лица починаа од коронавирусот, заразени сѐ повеќе здравствени работници

Бројот на жртви од новиот коронавирус се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број....

Македонија2 дена

Законот за ЈО денеска пред пратениците

За денеска во 11 часот закажана е собраниската седница за предлог-измените во законот за Јавното обвинителство. Собранието синоќа со доцнење...

Македонија2 дена

Разрешувањето на Мизрахи на собраниска седница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална...

Досие