Daily news
Тетовец пријавен за исчезнат пронајден мртов
Телото на 79-годишен тетовец било пронајдено во река Темишница, во атарот на село Брзеница.
Како што соопшти МВР, станува збор за А.А.(79) од Тетово, кој бил пријавен за исчезнат на 01.07.2017 година.
Од страна на противпожарна екипа на Тетово телото на починатото лице е извадено од реката. Увид извршила екипа од СВР-Тетово, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
