Daily news
Тилерсон: САД не бараат промена на севернокрејскиот режим
Американската влада не бара промена на режимот во Северна Кореја истакна државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.
„Ние не сме ваш непријател“ изјави Тилерсон, додавајќи дека САД сакале дијалог за одредени работи.
„Не бараме промена на режимот, не бараме колапс на режимот, не бараме забрзано обединување на полуостровот, и не бараме оправдување за да испратиме наша војска северно од 38-та паралела“ рече Тилерсон, мислејќи на границата меѓу двете Кореи.
Но републикански сенатор соопшти дека претседателот Доналд Трамп рекол дека ќе има војна со Северна Кореја, ако ја продолжи својата нуклеарна програма. Претходно Пјонгјанг се закани дека последната нуклеарна ракета може да го погоди западниот брег на САД.
Второто тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM), што Северна Кореја го прослави во петокот, беше последната што се спроведе во спротивност со забраната на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
