Daily news
Тимоние: Изненаден сум од забелешката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги признава изборните резултати
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска во својот кабинет го прими амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.
Амбасадорот Тимоние упати честитки до Богдановиќ за изборот за градоначалник и надеж дека добрите односи и соработка со Општината ќе продолжат. Тој на средбата исто така истакна дека е изненаден од тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не ги признава изборите.
„Со доверба и поддршка од граѓаните, на фер и демократски избори, го добив мандатот во првиот круг. Ова е одговорност и чест и јас ќе бидам градоначалник и на тие што гласале и на тие што не гласале за мене. Претходните 4 години Општината беше цел на напади и сега се надеваме, по локалните избори и огромното мнозинство освоени градоначалнички и советнички мандати, ќе се работи полесно, но и поодговорно. Сега треба да се расчистат сите работи за да може државата да оди напред и се надевам дека во наредниот период ќе зборуваме за убави работи и ќе пратиме убава слика за општина Центар и за Република Македонија“, рече Богдановиќ.
Амбасадорот Тимоние посочи дека тоа е и она што го посакуваат бидејќи е многу значајно каква слика испраќа и Македонија во светот.
„Најлошо е да се испраќа слика на постојани кризи. Сега ѝ се даде втора шанса на земјата, што е позитивно и затоа и на локално ниво треба да се искористат сите наклонети карти кон вас. Го поддржувам она што го рековте дека ќе остварите соработка со сите, иако за танго се потребни двајца. Се надевам дека ќе соработувате и со советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум изненаден од забелешката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги признава изборните резултати“, рече Тимоние.
Градоначалникот на општина Центар посочи дека ова по повеќе години се први реални фер и демократски избори. Како градоначалник, рече тој, ќе соработува со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот, а веќе договорил и средба со противкандидадот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.