Daily news
Трамп делеше сендвичи за раселените од ураганот
Американскиот претседател Доналд Трамп помогна денеска да се послужи ручек во засолниште во Хјустон за луѓето кои се раселени заради ураганот Харви.

Носејќи пластични ракавици, насмеаниот претседател стоеше до првата дама Меланија Трамп и им делеше на раселените хот дог сендвичи во бели кутии со логото на Црвениот крст. На едно од девојчињата Трамп и даде и прегратка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
