Daily news
Трамп му ја честита победата на Ердоган
Доналд Трамп му честита на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на референдумот кој му овозможува зголемување на неговите овластувања и моќи. Белата куќа соопшти дека ќе ги чека коментарите за референдумот во Турција.
“Меѓународната комисија ја набљудува состојбата и ќе објави извештај за десет до 12 дена. Ќе ги почекаме и ќе ги пуштиме да си ја работат својата работа“ изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
Ердоган ги отфрли критиките од меѓународните набљудувачи кои рекоа дека тој бил фаворизиран од страна на “нееднаква кампања”.
Главната опозициска партија поднесе жалба за поништување на резултатите. Промените би ја претвориле Турција во република слична на САД и Франција. Оваа состојба му овозможува на претседателот Ердоган да остане на власт до 2029 година.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
