Daily news
Трамп надвор го фали тоа што го отфрла дома
Изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека системот за здравствена заштита во Австралија, кој е финансиран од страна на владата, е подобар отколку во САД, предизвика бес кај сенаторот Берни Сандерс, кој се залагаше за сличен систем за Американците.
Републиканците силно се спротивставија на барањата на Сандерс во САД да се востанови “универзална” здравствена заштита, што сега ја пофали Трамп.
Трамп го пофали австралискиот систем по состанокот со премиерот на оваа земја Малком Тернбул, неколку часа откако американскиот Сенат гласаше за измена на Законот за здравствена заштита, познат како “Obamacare”, кој беше усвоен во времето на поранешниот претседател Барак Обама.
Трамп го опиша системот за здравствена заштита во САД како “пропаднат”, велејќи дека тоа не треба да го каже и Тернбул бидејќи нивниот систем е подобар, но додаде дека САД наскоро ќе има “прекрасен” здравствен систем.
Сандерс веднаш му напиша на Трамп на Твитер: “. Да, господине Трамп, австралискиот здравствен систем е многу подобро од нашиот, и бескрајно подобар од катастрофалниот закон што вие го поддржавте”. крај.мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
