Контакт

Daily news

Трамп по средбата со Лавров: “Ќе престанеме со убиствата и со смртта во Сирија!„

Објавено пред

 

Историската средба во Овалната собаm меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров заврши, соопшти РИА Новости. И Лавров и Трамп излегоа со насмеани лица пред фоторепортерите.

Средбата меѓу двајцата траеше нешто над два часа.

“Американскиот претседател Доналд Трамп изрази интересот Вашингтон да соработува со Руската Федерација “, ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата  во Белата куќа.

 

Лавров уште посочи дека со една средба нема да бидат решени сите проблеми, но е позитивно што се има желба за придвижување во таква насока.

 

Тој додаде дека Трамп јасно  ја изразил својата заинтересираност за изградба на заемни, деловни и прагматични односи.

 

Од своја страна, американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша средбата во Овалниот кабинет со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров како “многу, многу добра”.

 

Тој додаде дека бил постигнат напредок во ставовите околу ставањето на крај на конфликтот во Сирија.

 

“Имавме многу, многу добра средба”, изјави Трамп по средбата и додаде: “Ние ќе престанеме со убиствата и со смртта (во Сирија)”.

 

Лавров е највисокиот руски претставник со кој американскиот шеф на државата се сретнал по стапувањето на должноста на функцијата. Тој потврди уште еднаш дека Трамп и Путин ќе разговараат во јули на средбата на Г-20 што се одржува во Германија….Крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт7 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт7 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион7 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт7 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет7 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет7 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава8 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион9 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...