Daily news
Тaрчуловски наместен и изваден од контекст, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ го нарече местенка и манипулација извадена од контекст видеото на кое кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, им порачува на жителите во општината дека тие што ќе го изгласаат ќе добијат канализација, а другите ќе чекаат.
„Ниту една манипулација, изјава извадена од контекст, местенка и лага не може да го спаси СДС од огромниот пораз кој ги очекува. Видеото кое СДС го шири низ интернет просторот за Јохан Тарчуловски е целосно извадено од контекст.Граѓаните имаат јасен избор, од едната страна го имаат ВМРО-ДПМНЕ кое има програма со проекти и мерки произлезени од реалните потреби на граѓаните, за кои знаат дека ќе бидат реализирани и остварени, за што гаранција е нашата досегашна работа. Од друга страна го имаат СДС, кои 4 месеци со прст немаат мрднато за граѓаните и државата.
СДС четири месеци од власта гиу потроши за купување на индустриски гиганти како „Герас Цунев“ за само 20.000 евра, за доделување на милионски тендери на фирмите на луѓето од врвот на власта, но и за поставување на своите најблиски роднини на високи раководни позиции во државната администрација.
Граѓаните ја знаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Граѓаните знаат кој гради и работи во нивна корист, а кој дели, закочува и блокира“, стои во реакцијата на оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
