Контакт

Daily news

Три години по првите прислушувани разговори, СЈО обвини 100-тина лица за злоупотреби

Објавено пред

На 9 февруари пред точно три години лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од партиското седиште во Скопје во присуство на голем број новинари и партиски симпатизери ја објави првата бомба на опозицијата. Во првите аудиоснимки што Заев ги објави на 9 февруари 2015 година беа разговорите од него и од новинарката од Радио Слободна Европа, која го прашува за буџетот на Општина Струмица, разговор со ќерка му и разговор помеѓу ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и ексминистерот за финансии, Зоран Ставрески.

Тогаш Заев ги обвини експремиерот Никола Груевски и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, дека по нивен налог биле прислушувани над 20.000 граѓани. Заев истакна дека, покрај прислушуваните опозиционери, новинари, биле прислушувани и министри од Владата, а бил прислушуван и претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако во јавноста никогаш не беа јавно емитувани разговори со него. СДСМ набргу по првата бомба, поднесе и кривична пријава против ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, против ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, како и против непознати лица во УБК.

Изборот на Јанева и нејзиниот тим

Обвинителката од Обвинителството во Гевгелија, Катица Јанева, беше избрана за специјален јавен обвинител на 15 септември 2015 година од Советот на јавните обвинители, а нејзиниот тим се комплетира со дополнителни 12 обвинители. Случајно или не, Јанева е родена на истиот датум, 9 февруари, кога беше објавена првата бомба на опозцијата. Нејзиниот избор беше дел од договорот од Пржино за што согласност дадоа сите лидери на политичките партии и големо мнозинство пратеници во Собранието. Специјалното јавно обвинителство на почетокот воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот „Пуч“, од кого подоцна се откажа, како и „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“…

Истраги и обвиненија

На 12 февруари 2016 година СЈО ја објави првата истрага наречена „Титаник“ за изборни нерегуларности. Потоа следуваа уште 10-ина истраги – „Таргет“, „Тортура“, ТНТ, „Транспортер“, „Тврдина“, „Трезор“, „Топлик“ „Тендери“, „Тенк“, „Тарифа“… По една година работа, СЈО се пресели во нов објект и ги поднесе првите две обвиненија, а лани во јуни преостанатите. Меѓу обвинетите е поранешниот политички врв на ВМО-ДПМНЕ.
Никола Груевски и Миле Јанакиески добија по 5 обвиненија, Сашо Мијалков 4, а Гордана Јанкулоска 3.

Во вкупно 20 обвиненија на СЈО опфатени се над 100 обвинети лица, како и 7 правни лица. Уставниот суд досега не се изјасни по иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Законот за СЈО, што ја поднесе Тодор Петров. Оваа иницијатива сè уште се наоѓа во фиоките на судот. СЈО во декември лани отвори седум нови истраги против 17 лица, со кое треба да гони поранешни министри, директори, пратеници и новинари за кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба. Освен тоа, сè уште нема обвиненија за истрагите „Талир“ и „Табла“. Правосилна пресуда има по признание на вина во случајот „Таргет-Тврдина“. Пресуда беше донесена и во случајот „Тврдина 2“ за уништувањето на документација од системите за прислушување, како и две условни пресуди во случајот „Насилтво“.

На 15 март СЈО треба да го објави најновиот извештај за сработеното. Судењата за приближно сите обвиненија се во тек, освен за случаите „Титаник“, „Титаник 2“ и „Титаник 3“. Според досегашниот тек на судењата, најбргу може да се очекува пресуда во случајот „Труст“, бидејќи сите докази на СЈО се исцрпени, по што остануваат доказите на одбраната и завршните зборови.

В. Маглешов

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија9 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија10 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized13 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија13 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски14 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија14 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски15 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија18 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет18 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија18 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“19 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски19 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски19 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа20 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија21 час

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија21 час

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие