Daily news
Турската полиција го уапси шефот на локалната канцеларија на „Амнести интернешнл“
Турските власти го уапсија директорот на локалната канцеларија на меѓународната невладина организација за човекови права „Амнести интернешнл“, осомничен за вмешаност во обидот за воен преврат од 15 ти јули 2016 година, се наведува во соопштението на организацијата.
Покрај Танер Килич, во вторникот во Измир биле приведени уште 22 соработници на турската канцеларија на организацијата
Турските власти за неуспешниот пуч ја обвинија организацијата на проповедникот Фетула Ѓулен, кој во 1999 година живее во доброволен егзил во САД, и бараат од Вашингтон да им биде предаден. Самиот Ѓулен изјави дека го осудува начинот на доаѓање на власт со воен удар и ги отфрла обвинувањата за своја вмешаност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
