Daily news
Турска опозиција: резултатите од референдумот мора да бидат поништени
Резултатите од референдумот за засилување на претседателските овластувања треба да бидат поништени – изјави заменик-претседателот на опозициската Народна републиканска партија во Турција Булент Тежан.
Според него, партијата добила голем број жалби од повеќе региони каде луѓето не можеле да гласаат во приватност и каде имало тајно броење на гласачките ливчиња.
Тој дополни и дека одлуката на Државната изборна комисија да ги признае листовите на кои нема печат е очигледно назконска. Поради тоа, резултатите од референдумот „мора да бидат поништени“.
Лидерот на партијата Кемал Килчадароглу претходно исто така изјави дека нема да ги признае резултатите од вчерашниот референдум.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
