Daily news
Турски генерал е меѓу загинатите oд паднатиот воен хеликоптер во Улудере
Командантот на 23. жандармериска гранична дивизија, генерал Ајдоган Ајдин, се наоѓал во паднатиот турски воен хеликоптер кој вчера падна во околината на Улудере на провинцијата Сирнак, југоисточна Турција, објави новинската агенција ДХА.
Заедно со другите 12 војници, генералот во текот на вчерашниот ден го извидувал реонот на Шенбоа, кој е во близина на границата со Ирак.
Засега е утврдено дека хеликоптерот допрел далновод со висок напон, се издигнал на височина од 300 метри и потоа паднал на земјата.
По избувнувањето на пожарот, експлодирала муницијата. Освен командантот на дивизијата, во паднатиот хеликоптер имало двајца полковници, еден потполковник, еден мајор, тројца капетани, еден постар полковник, двајца старешини и двајца високи подофицери, посочува ДХА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
