Контакт

Daily news

Убиецот на Бојку носел бела капа и темни очила

Објавено пред

МВР трага по убиецот на Дилавер Бојку -Леку, кој вчера беше застрелан на плажа во Струга. Како што неофицијално дознаваме, полицијата трага по машко лице на возраст од околу 30 години, слабо развиен, висок до 170 цм. Според првичните полициски сознанија од истрагата и од сведоците, напаѓачот бил облечен во темна маица, темни кратки пантолони и темни сандали на нозете. На главата носел бела летна капа и темни очила за сонце.
Како што соопштија од СВР Охрид, во тек се опсежни оперативни мерки за да го лоцираат и идентификуваат можниот сторител.

dobivaj vesti na viber

– Се повикуваат повеќе лица на разговор во полициската станица , во Струга се вршат анкети но и други мерки за побрзо да се дојде до можниот сторител, велат од СВР Охрид.

Мотивите за убиството на често нарекуваниот Балкански крал на проституцијата не се утврдени од полицијата, но во јавноста се говори дека станува збор за крвна одмазда. Бојку е осуденик за организирање нелегална проституција во селото Велешта. Тој вчера беше убиен со куршум во главата на плажа во Струга пред неговата кафеана во близина на старата автобуска станица. Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата „Аква блу“. Веднаш потоа Бојку бил пренесен во Општата болница во Струга со прострелна рана во главата, каде што од страна на докторите била констатирана смрт.

Г.Н.Р



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откога на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново осамна објава –...

Економија9 часа

ЕСМ од Владата доби 1,1 милијарда денари за да може да купува гас

Владата на денешната седница одобри 1,1 милијарда денари за набавка на енергенти пред почетокот на грејната сезона на АД за...

Свет10 часа

Столтенберг: НАТО недвосмислено го поддржува суверенитетот на Украина, референдумите го кршат меѓународното право

Лажните референдуми во Украина се јасно кршење на меѓународното право, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Столтенберг рече дека...

Економија12 часа

Николовски: 140 милиони денари за млекопроизводителите и 20 милиони за откуп и дистрибуција на јаболкото

Владата на седница усвои две нови мерки за поддршка на земјоделците. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, образложи дека мерките опфаќаат...

Македонија14 часа

Автомобил падна од мост во реката Вардар, внатре најверојатно имало луѓе и по нив се трага

Автомобил падна од мост во реката Вардар, движејќи се на патот с. Желино кон Тетово. Случајот бил пријавен преку бројот...

Европа15 часа

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека жетвата на жито во Русија ќе достигне рекордно ниво и оцени дека санкциите...

Економија16 часа

Kовачевски: Прашањето со парно греењето уште не е решено, се бара решение

Владата има 19 дена да најде решение како ќе ги стопли жителите на Скопје, откако БЕГ кажа дека нема намера...

Топ18 часа

Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје – го удирал со раце и нозе по главата

Тримесечно бебе починало откако таткото го истепал, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото. Oсновното јавно обвинителство...

Македонија19 часа

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

Министерството за надворешни работи упати јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да се...

Свет19 часа

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

Јапонското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до рускиот амбасадор во таа земја, Михаил Галузин. Причината е приведувањето на...

Свет19 часа

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

Членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, изјави дека против претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да...

Свет19 часа

Медведев се закани со нуклеарно оружје: Ова секако не е блеф

Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, повторно го споменува нуклеарното оружје. „Нашите непријатели...

Забава20 часа

(Видео) Историски момент за НАСА – вселенското летало Дарт успешно се судри со астероид

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“...

Свет20 часа

(Видео) Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

Јапонија воведе строги безбедносни мерки во главниот град Токио за денешниот државен погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе. На...

Свет20 часа

Кремљ призна: Имаше грешки за време на мобилизацијата

Кремљ призна дека направиле грешки кога ги мобилизирале резервистите на руската армија да се борат во Украина, а повеќе извештаи...

Спорт1 ден

Црвениот картон пресуди: Бугарија минимално триумфираше во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со 0:1 на арената „Тодор Проески“ во последниот меч од Лигата на нации...

Регион1 ден

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна...

Свет1 ден

Путин му додели руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард...

Свет1 ден

Убиецот од Русија боледувал од шизофренија: лекарите се борат за животот на девет деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други,...

Економија2 дена

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на...