Daily news
Украдени 40 милиони долари од приватна фирма во Парагвај
Парагвај 25.04.2017 (Макфакс) Неколку десетици вооружени напаѓачи со автомати и со употреба на експлозив, во мал град во Парагвај го разнеле трезорот на приватна компанија за финансиско обезбедување и потоа со чамци избегале во Бразил.
Во текот на грабежот, кој траел речиси три часа, убиен е најмалку еден полицаец, а тројца цивили се ранети. Властите не соопштуваат колку пари точно се украдени, но според некои медиуми станува збор за речиси 40 милиони долари.Консултант на компанијата ги демантира овие информации и вели дека станува збор за многу помала сума на пари.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
