Контакт

Daily news

Унгарија инсистира на оставка на Тимерманс

Објавено пред

 

Унгарија го повика заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс да си поднесе оставка по неговите коментари дека непријателскиот однос на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон американскиот милијардер Џорџ Сорос се плод на антисемитизам, пренесува EurActiv.

 

Од Министерството за надворешни работи на Унгарија изјавија дека Тимерманс “треба да ја напушти функцијата, откако го обвини унгарскиот премиер и владата на земјата за анитисемитизам”. Министерот за надворешни работи Петер Сијарто посочи дека коментарите на европскиот комесар се “неосновани обвинувања” и рече дека Унгарија “вложила повеќе напори од сите во Европа во борбата против антисемитизмот”.

 

Се додава дека Будимпешта има “големи проблеми” со родениот Унгарец Сорос, но “тие немаат ништо заедничко со неговото потекло или религија”.

 

Во средата, 3 мај, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави пред Европскиот парламент дека Џорџ Сорос е “американски финансиски шпекулант кој ја напаѓа Унгарија” и дека финансиерот го “урна животот на милиони Европејци”, потсетува медиумот.Крај/мф/кс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Црна хроника18 минути

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава33 минути

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет55 минути

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника1 час

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт1 час

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...

Свет2 часа

Германска ракета првпат стигна до орбитата од континентална Европа: „Почеток на нова ера“

Германскиот стартап „Исар Аероспејс“ (Isar Aerospace) денеска соопшти дека наскоро ќе го зголеми бројот на лансирања на сателити, откако неговата...

Црна хроника2 часа

Приведен гостиварец по пријава дека физички и полово ја нападнал вонбрачната сопруга

Полицијата приведе 55-годишен гостиварец откако 40-годишна жена го пријавила дека физички и полово ја нападнал во нејзиниот стан. Како што...

Топ3 часа

Опасност од залутани куршуми во Скопје: погоден човек, оштетени возила и куќа

Четири случаи со залутани зрна од огнено оружје биле пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден, при што е...

Македонија3 часа

(Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава на лице место

Додека директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, даваше изјава за состојбата со пожарите во земјава, над...