Контакт

Daily news

Утре три судења во Кривичен: „Маѓар Телеком“, „Тврдина 2“ и за нападот во Собранието

Објавено пред

Три судења за познати случаи утре се закажани во Кривичниот суд.

Напад во Собранието

Првото судење е за нападите во Собранието од 27 април. Минатото рочиште беше одложено затоа што не се појави првообвинетиот Ангеле Зафировски, наречен Бате Геле, кој  е еден од деветтемина обвинети  за  „учество во толпа“. Во судницата се појавија: Димче Христовски, Дончо Василевски, Стојан Павловски, Борис Мутков со прекар Фантом, Марјан Стојовски, Виктор Настов, Александар Стојчев и Мирче Цветковски. На судењето се појавија и дел од 20-тина пријавени како оштетени лица. Обвинителството ги товари за учество во топла. Меѓу триесеттемина насилници кои добија кривични пријави, двајца се товарат за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села. И за утре се најавени собири на граѓани од здружението „Тврдокорни“.

Маѓар Телеком

Иако обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои се товарат за злоупотреба на службената положба, шест години се недостапни за органите на прогонот, за утре во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за предметот „Маѓар Телеком“. Од Кривичниот суд за Макфакс потврдија дека последното рочиште за овој предмет е од 20 април, а било одложено бидејќи не бил присутен јавниот  обвинител, кој уредно го известил судот дека е спречен да присуствува на рочиштето. Поранешните директорi на Маѓар телком, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодија да платат парични казни и добија и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, во процесот што се водеше пред Окружниот суд во Њујорк.

Тврдина 2

За утре во Кривичниот суд е закажано и рочиште за слуачјот „Тврдина 2“. Поради влошената здравствена состојба на екс-началникот на Петата управа, Горан Грујоски, минатото рочиште беше одложено. Како што објави Макфакс, обвинителите беа скептични за медицинската документација за обвинетиот и побараа и добија известување од УБК за присуство на работното место, како и мислење од лекарите кои го потпишале уверението.  Обвинителите Пеливанов и Бубевски изјавија дека доколку се потврди дека Грујоски одел на работа СЈО ќе побараат негово приведување за утрешното рочиште. Во овој предмет Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во „Тврдина“ за уништување на системите за прислушување.

В. Маглешов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт3 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт3 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет4 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет4 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет4 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава5 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава5 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт5 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...