Daily news
Уште една жртва поради преголема брзина
Поради неприлагодена брзина на возилото со кое управувал, тетовчанец излетал од автопатот Скопје – Тетово, по што на лице место починал.
Несреќата се случила вчера, околу 08.10 часот на автопатот Скопје-Тетово, спроти с.Буковиќ,. Возило „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (40) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во заштитната жичена ограда, по што лицето починало на самото место.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
