Контакт

Daily news

Фатени ситни дилери

Објавено пред

 

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против С.И. (20) од с.Ѓурѓевиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено држење оружје или распрскувачки материи“.

 

На 20.03.2017 година, околу 14.15 часот, во Гостивар, на ул. „Живко Брајкоски“, полициски службеници забележале паркирано возило опел Корса, управувано од пријавениот. Во возилото, освен пријавениот, затекнати биле лицата Е.А. од с.Добридол и М.И. од с.Чегране. Извршен бил преглед во возилото при што биле пронајдени 0,80 грама марихуана, додека при личен претрес на М.И. пронајдено било една пакување со непозната растителна материја. Извршен бил претрес во дом и други помошни простори каде што живее пријавениот при што била пронајдена една дрвена кутија со пиштол „Б.Бернандели“ калибар 7,65мм со еден рамка со седум куршуми во истиот, еден пиштол-марка „Екол“ калибар 8мм со рамка без куршуми и со футрола, еден пиштол-марка „Екол-Дицле“ со рамка без куршуми, за кои не поседувал дозвола за носење и чување. Според кажување на пријавениот, во текот на септември 2016 година во Тетово од непознато лице за сума од 400 евра набавил, односно ги купил горенаведените оружја.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против С.В. (26) и Х.В. (29), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“ На 03.11.2016 година извршен бил претрес во дом и други простории кај пријавените лица и претрес во викендица лоцирана во близина на с.Коњари, при што била пронајдена целофанска кесичка со 1,17 грама марихуана. Од извршениот разговор е дознаено дека пријавените претходно набавиле марихуана која подоцна ја овозможувале на уживање на М.А. и Д.М. во викендичка, во која често се собирале. ..крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет8 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет8 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет8 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет9 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника9 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет9 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија10 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...