Daily news
Фенербахче со Солдадо ќе го напаѓа Вардар
Поранешниот шпански репрезентативец Роберто Солдадо од Виљареал се пресели во Фенербахче, објави турскиот клуб.
Искусниот напаѓач, кој во кариерата играл и за Валенсија, односно Тотенхем, за сума од 5 милиони евра се пресели во Истанбул.
Солдадо изминатите две години го носеше дресот на „жолтата подморница“, но речиси во целост ја пропушти изминатата сезона поради тешката повреда на лигаментите во коленото.
Фенербахче за една недела ќе му гостува на Вардар во Скопје, во првиот плејоф-натпревар во Лига Европа. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
