Контакт

Daily news

„Фени“ пред затворање поради огромни долгови, 850 вработени остануваат на улица

Објавено пред

На единствената линија што работи во фабриката „Фени индустри“ ѝ се заканува гаснење поради што без работа ќе останат речиси 850 вработени. Поради недомаќинското работење на раководството, долговите на фабриката пораснале до таму што нема пари за да продолжи производството, нема пари да се плати струјата, да се платат транспортерите и другите доставувачи, се жалат вработени во фабриката.

Од петокот во фабриката се влезени извршители што попишуваат сè што ќе најдат за да ги наплатат долговите. Налепници на кои стои известување „попишано од извршител“ се залепени насекаде.

Од вчера, пак, производната линија работи на одржлив минимум со 5 мегават-часа, односно се одржува топла само за да не се изгаси целосно. Производство нема, но и покрај тоа, вработените втор ден доаѓаат на работа.

Вработени во фабриката за „Макфакс“ велат дека гасењето и на оваа линија ќе значи затворање.

„Ако се изгасне, ‘Фени’ ќе биде само старо железо. Кога сè ќе се олади, за повторно да се вклучи ќе бидат потребни најмалку 15 милиони евра. Никој не е заинтересиран да купи изгасена фабрика. Кавадарци живее од ‘Фени’. Ние во 2001 година лежевме по улиците и молевме државата да ја плаќа струјата за да не се изгаси фабриката и успеавме во тоа. ‘Фени’ со години е најголемиот извозник од Македонија и секогаш меѓу петте најуспешни компании, но раководството успеа да наталожи долгови поради кои не може да продолжи производството. Ние не можеме да кажеме ништо друго освен дека работењето е криминално бидејќи ние цело време произведуваме и извезуваме, но место да одиме на подобро, ни се кратеа платите, се продаваа или подаруваа ќерките фирми, а долговите се таложеа“, обвинуваат вработените.

Според нив, само долгот за струја надминувал 7 милиони евра, а фабриката должела и на сите со кои соработувала.

Директорот на „Фени“, Јусуф Миракхмедов, е недостапен да објасни во каква состојба е фабриката и дали повторно ѝ се заканува затворање. Прашањата за долговите и извршителите ги поставивме во дирекцијата на фабриката, но иако добивме ветување дека ќе ни бидат одговорени, не добивме одговор.

За долгот на „Фени“ за струја молчат и од „Енерџи деливери солушнс ЕДС“ ДОО. И од таму добивме ветување дека ќе одговорат во писмена форма, но одговорот не го испратија.

Банките, пак, во кои фабриката има кредити, ни одговорија дека мора да ги штитат податоците на индивидуалните клиенти и поради тоа не може да кажат колку им должи „Фени“ ниту, пак, дали веќе испратиле извршители за наплата на долговите.

М.И.П.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Daily news

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Објавено пред

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за „Макфакс“ дека поплаките од граѓаните се за удобноста на новите автобуси кои се набавени пред 8 години. Прашан за коментар зошто МВР ги исклучува од сообраќај возилата на ЈСП ако се тие исправни, Толевски вели дека тоа секогаш се случувало во изминатите 20 години. Толевски вели дека во ЈСП има и неискусни возачи кои се млади и се примени политички.

„Нормално е да има такви. Да не се лажеме, во Македонија не значи дека сите деца што ги примаат на работа се екстра квалитетни, има и такви што се примени преку партија“, вели Толевски, кој додаде дека потенцијалните возачи во ЈСП треба да имаат возачка од Д-категорија, а искуството го стекнувале по вработувањето во претпријатието.

Прашан за исправноста на автобусите, техиничкиот директор вели: „Немој да мислите дека ако постојано го сервисирате вашето возило, тоа е 100 отсто исправнo. Нема да потврдам дека автобусите се неисправни. Сите возила што излегуваат од ЈСП се проверуваат“.
Техничкиот директор на ЈСП негира дека сега автобусите се поплавуваат при дождови. Според него, информациите се неточни.

„Се работи за енормна количина фејсбук-профили што се занимаваат со таа проблематика. Откога сум јас технички директор, а тоа е од пред Нова година, се судрив со написи во неколку портали за старите автобуси. Беше објавена фотографија од стар автобус што протекува. Таа слика беше стара 5 години. Ова раководство тоа не го заслужи. Најверојатно, се работи за фејсбук-манијаци, кои покажаа едно возило, кое беше празно, протекуваше, а внатре седеше жена со чадор. Таа слика е стара шест години. Ние сите дупки ги покривме, ги изолиравме со платички материи и тие сега не протекуваат“, вели Толевски, кој немаше коментар за проблемот со гумите што го имаат автобусите, но потврди дека сепак го има.

Толевски вели дека ЈСП не може секоја година да ги менува гумите на автобусите. За квалитетот на гумите, техничкиот директор вели дека се избирани по принципот најниска цена преку јавна набавка, па затоа тие имаат лош квалитет.

„Во текот на возењето може да се случат разни аномалии. Имаме возачи што се примени, а не се ни снаоѓаат со овие возила. Од нашата работилница излегуваат автобуси кои релативно ги исполнуваат стандардите. Најчести дефекти на линиите имаме поради гумите. Шoфeрот поради поради недостиг на уреа за селективна каталитичка редукција, не се чувствува сигурно поради тоа што му светнала некоја светилка и запира. Млади се, имаме одреден број, кои политички се примени, па се неискусни возачи“, вели техничкиот директор Толевски.

Васил Толевски вели дека во моментот ЈСП прави напор за набавка на автобуси што ќе возат со природен гас. Во тој момент од функција ќе бидат исфрлени старите автобуси, а очекувањата се дека тоа ќе се случи идното лето. Автобусите на гас ќе ги намалат трошоците на претпријатието, а граѓаните ќе видат што значат современи западни возила, вели Толевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со ,,ѕверот” и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател кон вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија37 минути

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на...

Регион1 час

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пељешац

Апокалипса на Пељешац по пожарот кој дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава1 час

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет1 час

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион3 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет14 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион17 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија18 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија19 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток20 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток20 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ21 час

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток22 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story23 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток24 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија1 ден

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет1 ден

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет1 ден

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Досие