Daily news
(ФОТО) Пенс го исфрли Еди Рама од групната фотографија поради белите патики
Американскиот потпретседател Мајк Пенс наводно не му дозволил на албанскиот премиер Еди Рама да се фотографира со него поради белите патики што ги носел на самитот на Јадранската повелба во Подгорица.
Сали Бериша на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија од Пенс и премиерите што учествувале на самитот, но на неа го нема Еди Рама.
„Скандал. Рама бил исклучен од групното фотографирање на самитот во Подгорица поради патиките“, напишал Бериша.

Иако го нема на групната фотографија, сепак, Рама на Фејсбук објави видео од средбата со Пенс, на која ги носел истите патики.
Албанскиот премиер на последните неколку официјални настани се појавува во несоодветна облека, најчесто со патики, а на средбата со Федерика Могерини во Брисел пред неколку месеци носеше тренирки.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
