Контакт

Daily news

Францската вечер на Охридско лето ја наполни црквата „Света Софија“

Објавено пред

Громогласен аплаус, стоечки овации и насмеани лица можеа да се забележaт  во црквата „Св. Софија“ по коцертот на францускиот ансамбл „Маскерина“ на француската вечер во склоп на фестивалот Охридско лето.

Беше уникатна можност да се слушнат Себастијан Берета, Мари Гијоми и Николас Вати, чиј основен интерес е токму барокната музика. Во овој програмски концепт, иако поголем дел од делата се посветени на триото, секој инструмент имаше и солистички настап и свое централно место.

Тимот на фестивалот Охридско лето ја изрази својата благодарност на Кристијан Тимоние, францускиот амбасадор за поддршката од Амбасадата на Франција и Францускиот институт.

– Уживав за време на концертот, но сега по концертот сум навистина многу возбудена и малку уморна. Потребно е многу енергија за да се отсвири целиот концерт, се даваме целосно на публиката. Првпат сум во Охрид и на фестивалот Охридско лето, ова е едно извонредно искуство. За мене како Французинка ова е едно поинакво искуство, имате поинаква историја и архитектура, сè е магично. Времето и луѓето овде многу ми се допаѓаат за разлика од нас Французите кои сме многу постудени – вели Мари Гијоми од ансамблот „Маскерина“.

И за уметникот Берета, концеротот помина според очекувањата.

– Навистина сум растреперен по концертот затоа што целата организација за нашиот настап и самиот настап се одвиваа на најдобар можен начин, така како што сакав  и очекував. Од сè, најмногу до мене допре тоа што имавме можност да отсвириме барокна музика и тоа во едно свето место, во православна црква, затоа што јас сум Србин и сум православен христијанин. Иако сум израснат во Босна, сега доаѓам првпат во Македонија, исто така и во Охрид, но имам многу пријатели Македонци. Посебно ги сакам историјата и архитектурата, поради тоа се заљубив во градот Охрид, изобилува со антички, древни градби. Се изненадив кога за време на концертот погледнав во публиката, имаше луѓе од различна возраст, ми се допаѓа духот на македонскиот народ и култура – вели Себастијан Берета.

Според Николас Вати, со зборови не може да се опише чувството што уметниците од овој ансамбл го доживеале на подиумот во „Света Софија“.

– Реткост е да се настапува во ваква концертна сала. Задоволен сум и исполнет, публиката ме воодушеви. Првпат сум во Македонија и воодушевен сум од Охридското Езеро и од фестивалот, дефинитивно, ќе дојдам повторно – вели Николас Вати.

Француската вечер беше една вистинска вечер на уживање во звуците на барокна флејта, виола да гамба и теорбо во склоп на музичката програма на 57. издание на фестивалот.

Daily news

СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни

Објавено пред

И годинава во Скопје по 6 пат се одржува „Викендот на гордоста Скопје 2018“ – СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни.  Настанот ќе започне во Кино Култура, петок, 01.06, од 21 часот.

„Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени
во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа“, пишува во поканата.

Овогодишни раскажувачи ќе бидат: Артан Садику, Никола Гелевски, Ивана Драгшиќ, Кирил Поп Христов – Кили, Маја Марковска и Лејла Каламујиќ. Модераторки се Румена Бужаровска и Ана Василева.

Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор за, и да промовираат, ненормативни форми на светоградење, односно релации, афекти, идентитетски позиции, телесни стилови и сензибилитети кои во рамки на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, неуспешни, патолошки, чудни итн.  Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. и ќе се оддржува од 7-10 јуни.

Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

Прикажи повеќе...

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија10 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија10 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија11 час

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија11 час

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ11 час

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ12 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија13 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија14 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија15 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија15 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија16 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија17 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион17 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет17 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа18 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Досие