Контакт

Daily news

ФРОДЕМ: Противењето на договорот со Бугарија оркестрирано од Груевски

Објавено пред

ФРОДЕМ целосно го поддржува договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија и ја повикува власта да се позабави со, според нив, квазиорганизациите кои оркестрирано го напаѓаат на штета на интересите на државата.

„Договорот е голем исчекор за Македонија во евро-атлантските интеграциски процеси. Со подобрувањето на односите со Бугарија, Македонија јасно докажува дека е фактор на стабилизација и развој на добрососедските односи на Балканот. Фактор за затворање на спорните прашања со соседите.

Со овој договор Македонија јасно покажува дека одбива да биде затворена, криминализирана, пропадната енклава на Балканот. Овој договор е почеток на крајот на криминалното антимакедонско мешетарење на остатоците од ненародниот режим. Почеток на крајот на долгогодишните вештачки заладени односи.

Кремот на бугарското општество е по потекло од македонските краишта. Во оваа смисла Македонија не може да посака поголем сојузник и европски промотор на нашите интереси и заедничките вредности.

Груевски, фрустрираниот екссоветник на анахрони српски структури, не може да се помири со фактот дека не одработи доволно добро за изолацијата на Македонија. Сега, криејќи се зад нелегитимни квазипартиски органи, преку неподржување на договорот и преку блокади на парламентот, се обидува да се испазари за аболиција на својот криминал. Купува време, со кое само си ја продолжува агонијата. Сите наоколу ги лаже дека новата власт нема капацитет да се справи со неговото злосторничко здружение. Кова шупливи планови со двојно дно. Преку лажни внатрепартиски реформи, блокади и корумпирање се обидува да се спаси.

Всушност, Груевски нема елементарна доблест да излезе и да каже зошто оваа корисна работа за Македонија самиот не ја заврши. Во негов затскриен стил поттикнува небитни квазиорганизации диригирано да го оспоруваат договорот. Сето ова ќе остане попуста активност без ефект. Новата власт треба детаљно да ги преиспита контрашките, одработувачки организации, стои во реакцијата на ФРОДЕМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет6 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет6 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет6 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава7 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт7 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...