Контакт

Daily news

Хитовите на Тоше во мјузиклот „Тајно моја“

Објавено пред

Мјузиклот „Тајно моја“ создаден, по повод 10-годишнината од прераната смрт на големата музичка ѕвезда Тоше Проески, ќе биде изведен вечерва во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет.

Приказната во овој музички перформанс се темели на голем број музички хитови на Тоше Проески, како „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, “Игри без граници“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси куси“, „The Hardest Thing“ и други.

Содржината ја следи љубовната приказна на млад пар. Нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски “Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот? Двата чина на Мјузиклот „Тајно моја“ ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

 

Диригент е Ѓургица Дашиќ а солисти Ана: Антониа Гиговска, Филип: Денис Димоски, Бети: Хелена Суша , Сара Гигова Мајка на Ана: Марика Поповиќ , Весна Петрушевска, Татко на Ана: Лазе Манасковски,),Игор Џамбазов , Мајка на Филип: Десанка Глигоријевиќ ), Арна Шијак Татко на Филип: Јане Аврамовски Марија (другарка на Ана): Тања Бојковска , Љупка Арсова, Ема (другарка на Ана): Анастасија Аврамовска, Мила Николовска,
Јане (другар на Филип): Марко Димитриевски Наумче (другар на Филип): Јане Дунимаглоски , Симеон Коруноски  Љупче (бодигард): Борко Биџовски
Електричарот: Симон Манасковски Ангел: Лена Заткоска
Ангелчиња: Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, Калеша Џангаловска. Учествува оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Проектот е реализиран во копродукција со фондацијата „Тоше Проевски“. Следните изведби се закажани утре и задутре вечер на истата сцена. крај/мф/ав

Најново

Култура10 минути

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет17 минути

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија28 минути

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет33 минути

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт41 минута

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион42 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт47 минути

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија1 час

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...

Свет1 час

Дали Епстин се плашел од Трамп? „Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“

Поранешниот познаник на Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно многу се плашел од Трамп и ги гледал неговите...