Контакт

Daily news

Хороскопскиот знак кажува без што не можете на летување

Објавено пред

Кога се подготвување за заминување на одмор настојувате да понесете што е можно помалку работи со вас. Но, сепак постојат нешта без кои е незамисливо да заминете на некоја летна дестинација.

ОВЕН
Мора секогаш да биде во движење, па без удобна облека, патики за шетање и чевли за планинарење, не би требало да тргне на патување.

БИК
Доволно е да понесете удобни чевли и кредитна картичка, бидејќи на одмор најмногу ќе шетате и купувате.

БЛИЗНАЦИ
Дури и на одмор морате да бидете во контакт со пријателите, затоа без мобилен и без лаптоп не излегувајте од дома.

РАК
Каде и да се наоѓате, за добро расположение неопходен ви е квалитетен сон, па без омилената перница немојте да ги пакувате куферите. Исто така, Раковите имаат чувствителен стомак, па би било добро од дома да си понесете храна.

ЛАВ
Кога патувате некаде сакате тоа да биде една од најубавите дестинации, и сакате сите ваши пријатели да видат дека сте биле таму. Затоа понесете си фотоапарат.

ДЕВИЦА
Не се чувствувате пријатно ако на патувањето немате можност адекватно да се грижите за личната хигиена. Затоа во вашиот куфер треба да има многу козметички производи.

ТЕРЕЗИЈА
Сигирно во секоја прилика ќе сакате да бидете облечени поинаку. За да ја одржите својата репутација понесете што повеќе облека и аксесоари.

СКОРПИЈА
Сакате да патувате инкогнито. Списание, шешир и големи очила за сонце ќе ви помогнат да се сокриете од љубопитните погледи на околината.

СТРЕЛЕЦ
Сакате да научите што повеќе за местото кое го посетувате, па водичи и мапи би требало да бидат основните реквизити на вашите патувања.

ЈАРЕЦ
Вие работите и додека другите одмараат. Ако не го понесете проектот кој не сте стасале да го завршите на работа, нема да можете да се опуштите на летувањето.

ВОДОЛИЈА
Ќе ви биде тешко да се одвоите од вашите гаџети и да ги оставите дома, затоа понесете барем ГПС апарат кој ќе ви биде од корист.

РИБИ
Без омилената музика не можете да се опуштите, ниту да уживате. Направете листа на песни специјално за одмор и задолжително спакувајте го вашиот МП3 плеер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија4 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија4 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија6 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт6 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија6 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија7 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија9 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија11 час

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија11 час

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија12 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ13 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура13 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет14 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет15 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет15 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет15 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Досие