Контакт

Daily news

ЦИВИЛ: Иванов продолжува со манипулациите

Објавено пред

 

Претседателот Иванов продолжува со манипулациите и купува време за пролонгирање, односно продлабочување на кризата во Република Македонија. Во своето обраќање, тој повика на лидерска средба и го изнесе ставот дека секој што го прекршил Уставот мора да се соочи со последиците.

 

„Иванов ја даде оваа изјава во екот на насилничките акти во и околу Собранието во кое парламентарното мнозинство конечно реши да излезе од политичкиот ќорсокак, за потоа да биде нападнато од организирана толпа насилници.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува насилството за кое се виновни токму Иванов, како и моќниците во партијата чии интереси ги брани, а кои се осомничени за тешки кривични дела во истрагите на СЈО.

 

Од еден претседател на држава се очекува да го осуди насилството и да побара итна и решителна акција од органите на редот и мирот, а не посредно да ги обвини сите политички партии.

Поради континуираното кршење на Уставот на Република Македонија и отвореното опструирање на политичките процеси за надминување на политичката криза, поради неуставното блокирање на работата на Собранието, поради узурпацијата на функцијата претседател на Република Македонија, бараме од Ѓорге Иванов да поднесе оставка, а од институциите бараме да поведат итна постапка за утврдување на неговата одговорност пред законите„ се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

 

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....