Контакт

Daily news

Црна Гора: Полицијата заплени над 100 килограми дрога сканк

Објавено пред

 

Црногорската полиција во две оделни акции во Андријевици и Подгорица пронајде и запленети околу 105 килограми на дрога од типот сканк и при тоа уапси три лица.

Како што беше соопштено од страна на Полицијата, во четврток, во две одделни акции, е прекинат шверц на дрога од типот на сканк.

Против две лица е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство, поседување и трговија со дрога, а истоа така е поднесена пријава за недозволено држење на оружје и експлозивен материјал.

Полицијата во четвртокот во Андријевици, околу 21,30 часот, при претрес на возило “Фолксваген” со берански регистерски таблички управувано од Н.Н. (36) од Андријевици и кај совозачот A.Д. (39) од Албанија, пронајде две големи бели кеси – едната на задното седиште, а другата во багажникот.

“Во кесите се наоѓаа 72 пластични пакувања со растителна материја, темно зелена боја, за која се сомнева дека е марихуана, од тип сканк, со вкупна тежина од околу 85 килограми. Пронајдената и одземена дрога е испратена на форензичко вештачење и експертиза”, соопшти во петокот црногорската полиција .

Кривична истрага, се додава во соопштението, упатува на сомневање дека наркотичната дрога била наменета за транзит низ Црна Гора и за понатамошен шверц во соседните земји.

Полицијата вчера изврши рација и во една куќа и во други простории кои ги користи З.Т. (45) од Подгорица, во населба Лева Риека.

За време на претресот во домот е фатен Р.M. од Босна и Херцеговина. За време на претресот на домот и други простории службеници од Одделението за сузбивање на трговија со дрога запленија 20 пластични пакети со содржина од растителни материи со темно зелена боја, за која се сомнева дека се наркотични дрога марихуана од тип сканк со тежина од околу 20 килограми..

Во истата акција е пронајдена и една ловечка пушка од непозната марка со калибар од 12mm, како и четири патрони за ловечката пушка, а е пронајдено и друго оружје од различен калибар.крај/мф/кс

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца кои немаат техничка опрема за следење на онлајн...

Македонија9 минути

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која бара 100.000 евра, поради изнесени клевети и лаги...

Македонија41 минута

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион2 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет2 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија3 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион3 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија3 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет4 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет4 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија4 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ5 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа5 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет5 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион5 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија16 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ17 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет17 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија18 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ18 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Досие