Контакт

Daily news

ЦУК: Во моментов не постои опасност за манастирот Трескавец

Објавено пред

Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен во правец на село Забрчани. Во моментов манастирот не е загрозен, информира Центарот за управување со кризи, според последните информации од терен до 19 часот.

Од ЦУК велат дека гори сува трева, а на терен има екипа од ТППЕ и доброволци.

Пожарот кај село Никодин каде се ангажирани вработени од ЈП МШ „Црн Бор“ -Прилеп е ставен под контрола, а пожарот во близина кај село Крушеви-с.Бонче е локализиран и екипата се повлекува од теренот.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално соопштението од ЦУК:

Состојбата со пожарите во останатите делови од Македонија до 19 часот е следна

Југозападен плански регион
Во пожарот на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина, гори пасиштето (сува трева и смрека) и ниско стеблеста деградирана дабова шума. На теренот се лица од ШС „Лопушник“, а во гаснење на пожарот делуваа и два авиони канадери на ДЗС.

Пожарот на м.в. „Коритски дол“ кој беше активен е со намален интензитет поради дејството на хеликоптерите и силите присутни на теренот. Населеното место Растеш не е загрозено, а на терен е екипа на ЈП„Мак.Шуми.

Попладнево дејствуваат 2 авиони на ДЗС на активните жаришта на атарот на село Волче и с.Заград на М.В. „Мрамор„. Моментално населените места Заград и Волче поради оддалеченоста од активните жаришта не се загрозени.

Пожарот на атар на с.Грешница во ментов е под контрола и обиколен со заштитен појас. Гори нискостеблеста деградирана шума од смрека и даб која од претходните пожари беше опожарена.

За пожарот на атарите на с.Растеш , с.Заград и с.Волче ангажирани се следните сили: ЈП„Мак.Шуми, ТППЕ – М.Брод, како и лица од месното население. Попладнето дејствуваа и 2 авиони на ДЗС.

Појава на шумски пожар имаше и во планинскиот дел близу с.Богојци кон правецот на с.Татеши. Зафатена е нискостеблеста и дабова шума. Во гаснење на пожарот ангажирани се вработени од Шумското стопанство Струга.

Повардарски плански регион
Пожарот кај Јасеновска глава од страна на с.Попадија е активен, но стишан и гасат луѓе од ШС Бабуна.
Во Богомила над стариот пожар утрово беше запален нов пожар, кој сега е стишен. На лице место се луѓе на ШС Бабуна.

Пожарот во атарот на с.Галиште во текот на претпладнето беше згаснат но поради силен ветер повторно се разгорел. Гори на мв Ореов дол, мв Бајков осој и се движи кон с.Галиште. Кон него се упатија сили за гаснење.

Пожарот во месноста Мушов Гроб кој поради ветрот се повтори е локализиран и се врши правење безбедносен појас. Гасат луѓе од ШС Бор.

Северен (скопски) плански регион
Пожарот помеѓу селата Гумалево и Дејковец каде гори ниска неквалитетна шума е со намален интензитет. Вработени од ШС се на терен и продолжуваат со активностите за гаснење.

Тетовско-полошки плански регион
Огнот во опожарените места, во близина на с.Гургурница, Копанце, Туденце и Сиричино сеуште тлее и тоа на сува трева и ниско жбунести растенија. Истиот постојано го држат под контрола вработени во ЈП Македонски Шуми, Припадници на ДЗС, граѓани од населените места, членови на ловни друштва, а по потреба, во мобилна состојба се и вработени во ТППЕ од Тетово.

Истата состојба е и во с.Корито, каде гори сува трева и нискожбунести растенија. И на таа локација ангажирани се ЈП Мак.Шуми, ДЗС, ТППЕ и граѓани. Околу опожареното место, направен е појас и ширењето на огнот е изолиран.

Попладнето е пријавен шумски пожар над с.Волковија – Чегране м.в.Чука. На терен се пратени екипи од ТППЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни

Објавено пред

И годинава во Скопје по 6 пат се одржува „Викендот на гордоста Скопје 2018“ – СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни.  Настанот ќе започне во Кино Култура, петок, 01.06, од 21 часот.

„Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени
во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа“, пишува во поканата.

Овогодишни раскажувачи ќе бидат: Артан Садику, Никола Гелевски, Ивана Драгшиќ, Кирил Поп Христов – Кили, Маја Марковска и Лејла Каламујиќ. Модераторки се Румена Бужаровска и Ана Василева.

Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор за, и да промовираат, ненормативни форми на светоградење, односно релации, афекти, идентитетски позиции, телесни стилови и сензибилитети кои во рамки на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, неуспешни, патолошки, чудни итн.  Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. и ќе се оддржува од 7-10 јуни.

Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

Прикажи повеќе...

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Нова лидерска средба на барање на Мицкоски

Премиерот Зоран Заев за денеска напладне најави нова лидерска средба во помал состав. Тоа е на барање на лидерот на...

Македонија49 минути

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион2 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет2 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени за време на опасна меѓународна операција на вчерашната...

Европа2 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија13 часа

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија13 часа

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски ја напушти лидерската средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по еден час, ја напушти лидерската средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за...

Македонија22 часа

Oбвинителството ќе ги гони градоначалникот на Ново Село и уште 4 лица за криумчарење цигари

Основното јавно обвинителство од Струмица до судот достави обвинение против пет лица за сторено кривично дело „криумчарење“. До судот во...

Македонија22 часа

(Видео) Дипломати и амбасадори на приемот на Али Ахмети за поканата од НАТО

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, беше домаќин на прием по повод поканата за влез на Македонија во НАТО. На приемот...

Македонија22 часа

Судот од почеток ќе одлучува дали Владата треба да плати фактури од 25 илјади евра за сервисирање на климите

Основниот суд Скопје 2 повторно ќе треба да одлучува дали Владата треба да ѝ ги плати фактурите за сервисирање на...

Свет1 ден

„Мислев да го кажам спротивното“ – Трамп се предомисли за руското влијание врз изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се изразил погрешно кога рече дека не гледа причина поради којашто Русија би...

Економија1 ден

„Пуцко петрол“ и „Бауер БГ“ ги добиле највредните договори за јавни набавки со општините

Нафтениот дистрибутер „Пуцко петрол“ и градежните компании „Бауер БГ“ од Скопје и „НБ-компани“ од Тетово се на врвот на листата...

Македонија1 ден

Лидерска средба за деталите за референдумот

Прeмиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за 18 часот попладне закажа лидерска средба во Клубот на пратениците. Според најавите,...

Свет1 ден

Спасените момчиња од пештерата денеска излегуваат од болница

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера денеска ќе бидат пуштени од болница и...

Македонија2 дена

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум

СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО,...

Македонија2 дена

(Видео) Џафери не му даде збор на Димовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ лупаа на масите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на...

Македонија2 дена

Тројцата осомничени за смртта на Саздовски, наместо за насилство, ќе одговараат за убиство

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело...

Македонија2 дена

Градот Скопје троши половина милион евра годишно за одржување на фонтаните

Градот Скопје годишно троши од 25 до 30 милиони денари годишно или околу половина милион евра за одржување на фонтаните...

Досие