Контакт

Daily news

Членките на ЕУ можеби ќе бидат принудени наскоро да го воведат еврото како национална валута

Објавено пред

Данска, а и другите членки на ЕУ, можеби наскоро ќе бидат принудени да го воведат еврото како национална валута, пишуваат германските медиуми.

Иако Данците веќе на референдум гласаа против воведувањето на еврото, Европската комисија би можела да ја присили оваа скандинавска земја, сепак, да ја усвои единствената европска валута. Документите околу ова стигнале до медиумите на минатонеделниот состанок во Стразбур, а во нив пишува дека Комисијата сака сите 27 земји членки на Унијата да го усвојат еврото до 2025 година.

Претставниците на ЕУ наводно ќе бараат буџет кој ќе биде усогласен со еврото и ќе има фиксна даночна уплата од страна на сите држави членки. Меѓутоа, еврокомесарот задолжен за еврото, Валдис Домбровскис, вели дека сето ова е погрешено пренесено.

„Имаше некакви забуни. Она за што ќе расправме во следниот период е каква ќе биде монетарната унија во иднина. Тоа не значи дека членките ќе мораат да го усвојат еврото. Не одредивме ниту некоја временска одредница, но секако ги охрабруваме членките да се подготват за неопходните мерки“, рекол тој.

Еврото во моментот го користат 19 членки на блокот, а деветте преостанати земји, вклучувајќи ги Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија, Шведска и Велика Британија, не го користат еврото како национална валута./крај/мф/бс

Најново

Култура3 минути

Агенцијата за филм ги „ꜱирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија9 минути

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија34 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија46 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија57 минути

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија1 час

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет1 час

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника1 час

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника2 часа

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...