Контакт

Daily news

Швајцарско село им нуди 70 илјади франци на млади парови за да се доселат тука

Објавено пред

Младите семејства набргу би можеле да си го остварат својот сон – да живеат во швајцарски рај и за тоа да добијат 70 илјади франци. Условот е да се согласат да живеат барем десетина години во малото живописно швајцарско село Албинен.

Овој колоритен дел на Швајцарија има само 240 жители и огромен проблем како да ги задржи младите семејства кои масовно се иселуваат. Идната недела, на 30 ноември, селото ќе гласа за политиката на доселување, односно да им се понудат пари на сите оние што би се доселиле да живеат во него најмалку една деценија.

Во последните три години од селото се иселиле три семејства, меѓу кои и осум деца, со тоа селското училиште немало за кого да работи, па се затворило. Локалните жители бараат од властите да ги преземат работите во свои раце, па предлагаат да им се дадат пари на сите оние што би сакале да живеат таму. Жителите предлагаат да им се дадат по 20.000 евра на возрасна личност и 9.000 евра за секое дете.

За да се квалификуваат за добивање пари, членовите на семејството мора да бидат помлади од 45 години, но и да се согласат да живеат во селото најмалку 10 години. Недвижностите и земјиштето што ќе ги купат во селото мора да вредат најмалку 170.000 евра и тоа мора да биде постојан дом, а не викендичка. Средствата што ќе им бидат исплатени се неповратни ако го исполнат договорот. Но, ако го напуштат селото пред договорениот период од 10 години, ќе треба да ги вратат и парите.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години во април ќе се одржи попис на населението во земјава. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија2 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Свет2 часа

(Видео) Избувна пожар во индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини

Пожар избувна во производствен капацитет што му припаѓа на најголемиот светски производител на вакцини, Институтот за серуми во Индија (СИИ),...

Македонија2 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија3 часа

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија4 часа

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија4 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа5 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет5 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија6 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет17 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет19 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет20 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија20 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт22 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија22 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија22 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет23 часа

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија23 часа

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија24 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Досие