Daily news
Шверцер на марихуана бегал од полицијата
Во саботата во 09.40 часот на локалниот пат Боговиње-Ново Село, полициски службеници од ПС за ГН Маздрача забележале паркиран автомобил „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото, најпрвин пополека го придвижил возилото, а набргу потоа нагло ја зголемил брзината и се дал во бегство, по што полициските службеници тргнале по него.
Во еден момент возачот на возилото „Мерцедес“ од прозорецот до совозачкото седиште исфрлил една најлонска кеса. По кратко време возилото било пресретнато и сопрено. Над возачот Л.З. (29) од Боговиње и во возилото бил извршен преглед при што биле пронајдени пет глави во вид на мали топчиња со непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, едно пластично шише, вага за мерење и една керамичка плочка.
Исто така, била пронајдена и кесата што ја исфрлил Л.З. од возилото. Во истата биле пронајдени една поголема и три помали кеси сонепозната зелена тревкаста материја. После тоа Л.З. е лишен од слобода и заедно со непознатата зелена тревкаста материја со тежина од околу 500 грама и возилото бил предаден во ПО Камењане за понатамошна постапка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
