Daily news
Шеста жртва на топлото време во Романија
Педесет и двегодишен жител на источниот романски град Галац изгубил свест на локалните гробишта и подоцна починал во болница од шок заради изложување на високите температури, јави портпаролот на Дирекцијата за јавно здравје во градот.
Ова е прва жртва на горештините во округот Галац, а шеста во Романија.
Според локалната служба за итна помош, во последните 24 часа во болниците биле примени девет лица на возраст меѓу 12 и 80 години, откако претходно ја загубиле свеста поради високите температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
