Контакт

Daily news

ШК „Алкалоид“ повторно во борба за врвот на Европскиот клупски куп

Објавено пред

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија ШК „Алкалоид“ и актуелен европски клупски шампион оваа година повторно патува на најсилното клупско шаховско натпреварување  со амбиции за висок пласман. Турнирот  ќе се одржи од 08 до 14 октомври во Анталија, Турција. По историскиот резултат со освојувањето на шампионската титула минатата година, ШК „Алкалоид“ повторно има за цел освојување на една од медалите. Најсилен конкурент и рејтинг-фаворит на турнирот е екипата на „Лобус“ од Русија (поранешен „Сиберија“, која беше шампион 2015 година). Следат „Медни Всадник“ и „Легаси сквер капитал“ исто од Русија, потоа освојувачите на шампионската титула во 2013 „АВЕ Нори бор“ Чешка и „Одлар Јурди“ од Азербеџан.

Составот на „Алкалоид“ е ист како претходната година, по двајца врвни велемајстори од Кина, Украина и Русија, заедно со двајцата најдобри македонски шахисти.

 

  • Динг Лирен (Ding Liren) (роден 1992), член на кинеска репрезентација и освојувач на златен медал на Олимпијадата 2014 и на Светското Екипно Првенство 2015, при тоа и бронзен медал за индивидуален резултат. Ding е трикратен шампион на Кина (2009, 2011, 2012). Во 2017 година остварува неколку извонредни резултати. Победа на супертурнирот Shenzhen Longgang Chess Grandmaster Tournament – Кина, и на турнир од FIDE Grand Prix 2017 Series, Москва – Русија. Во септември 2017 на Светскиот куп (World Cup 2017, Georgia) низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигнува до финалето и се пласира на турнирот на кандидатите за светски шаховски првак.
  • Ју Јанги (YuYangyi) (роден 1994), член на кинеската репрезентација со која освојува златен медал на шаховската Олимпијада 2014.  Најмлад член на екипата на „Алкалоид“ , за која во 2015 освојува златен, а во 2016 сребрен медал за индивидуален резултат на Европскиот клупски куп.
  • Ељанов Павел (EljanovPavel) (роден 1983), најдобриот украински шахист во моментов кој со украинската репрезентација има освоено две олимписки злата; во 2015 година на Светскиот куп стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, трипати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010 и 2016).
  • Јаковенко Димитри (JakovenkoDmitry) (роден 1983), европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Со руската репрезентација првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, двапати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), трипати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2005, 2006 и 2016).
  • Андреикин Димитри (AndreikinDmitry) (роден 1990); Светски јуниорски првак за 2010 година и шампион на Русија за 2012 година, трипати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010 и 2016), двапати (2008 и 2012) златен медал за индивидуален резултат на Европски клупски куп.
  • Криворушко Јури (KryvoruchkoYuriy) (роден 1986) член на Украинската шаховска репрезентација; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 6 години; 2015 година втор најдобар индивидуален резултат на Европски клупски куп.
  • Панчевски Филип (роден 1988), член на македонската шаховска репрезентација. Шампион на Македонија 2010, 2012, 2014, 2016.
  • Недев Трајко (роден 1973), член на македонската шаховска репрезентација, со која освојува сребрен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 1996 и Европското екипно првенство 2003 година. Шампион на Македонија 1997, 2000 и 2011.
  • Јаќимовиќ Драгољуб (роден 1964), како член на македонската шаховска репрезентација освојува златен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 2000. Долгогодишен селектор на репрезентацијата. Капитен на екипата на ШК Алкалоид од 2009 година.

Составот на екипата е одраз на одличен тимски дух, играчи кои меѓусебно се почитуваат и соработуваат во интерес на постигнување најдобар резултат за клубот. Редоследот на играчите по табли Алкалоид ќе го објави на самиот почеток на натпреварите.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни

Објавено пред

И годинава во Скопје по 6 пат се одржува „Викендот на гордоста Скопје 2018“ – СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни.  Настанот ќе започне во Кино Култура, петок, 01.06, од 21 часот.

„Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени
во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа“, пишува во поканата.

Овогодишни раскажувачи ќе бидат: Артан Садику, Никола Гелевски, Ивана Драгшиќ, Кирил Поп Христов – Кили, Маја Марковска и Лејла Каламујиќ. Модераторки се Румена Бужаровска и Ана Василева.

Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор за, и да промовираат, ненормативни форми на светоградење, односно релации, афекти, идентитетски позиции, телесни стилови и сензибилитети кои во рамки на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, неуспешни, патолошки, чудни итн.  Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. и ќе се оддржува од 7-10 јуни.

Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

Прикажи повеќе...

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од...

Македонија3 часа

Повредени седум полицајци и две жени на протестите пред Собранието

Седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите што вечерва се случија пред Собранието. Од Ургентниот...

Македонија7 часа

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието...

Македонија9 часа

Нимиц: Нема подобар подарок за мојот роденден од решавањето на спорот

Медијаторот на ОН во решавање на спорот со името, Метју Нимиц денеска од Преспа истакна дека не постоел подобар подарок...

Македонија14 часа

На протестите во Битола ја погребаа Северна Македонија

На протестите во Битола, демонстрантите извикуваат дека не го даваат името. Тие пеат патриотски песни а некои од нив носат...

Uncategorized16 часа

Могерини: Овој договор е пример за дипломатијата во целиот свет

Високата претставничка на на Европската Унија, Федерика Могерини во Преспа изјави дека потпишувањето на договорот е пример за дипломатијата во...

Македонија17 часа

Ципрас: Време е да пееме повторно среќни песни на Балканот

Денеска, овде на Преспанското Езеро почнуваме да пишуваме нова среќна песна, изјави грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Тој за време на...

Македонија17 часа

Се потпиша договорот меѓу Македонија и Грција

По обраќањето на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Псарадес се потпиша договорот за промена на името на...

Македонија17 часа

Заев: Во регионот се случи нова реалност, решението ни донесе пријател

Премиерот Зоран Заев порача дека ова е историски ден за Македонија и Грција и дека со договорот се гради нова...

Регион1 ден

Во Атина протести против договорот за името

Започна протестот на плоштадот Синтагма во Атина против договорот помеѓу Грција и Македонија, кој има за цел да го реши...

Македонија1 ден

Потпис на договорот во Псарадес, ручек во Отешево

Договорот со Грција ќе биде потпишан утре во Псарадес на грчката страна од Преспанското Езеро, по што делегациите од двете...

Македонија1 ден

(Видео) Градскиот парк една недела по невремето сѐ уште во хаос, откорнати дрвја, мостови и канти за отпадоци

Иако поминаа цели 7 дена од невремето кое го зафати главниот град и околината, градскиот парк во Скопје сѐ уште...

Македонија2 дена

Милевски: Нема да настане апокалипса доколку договорот биде прифатен или отфрлен

Собранието треба да овозможи граѓаните да се изјаснат на референдум за договорот и одлуката на народот треба да биде конечна....

Македонија2 дена

Во Струмица протест против ископ на рудникот „Иловица“

Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш во Струмица против ископ на рудникот „Иловица“. На протестот граѓаните на Струмица...

Надворешна политика2 дена

Захариева: Новиот договор на Македонија со Грција нема да се одрази на взаемниот однос со Бугарија

Договорите меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција се многу важни и сметам дека новиот со Грција нема да...

Македонија2 дена

Договорот ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија

Договорот со Грција ќе биде потпишан в недела на грчката страна на Преспа, потврди Владата. Засега е познато дека настанот...

Топ2 дена

 „Кунико рисорсис“ кои ја тужат Македонија за „Фени“, надвор од земјава се осомничени за перење пари и организиран криминал

Казахстанското трио, како што низ светот се познати сопствениците на „Кунико рисосрсис“ (Cunico resources) кои до лани беа газди и...

Регион3 дена

Утре ќе се гласа за недоверба на Ципрас поради договорот со Македонија

Грчкиот парламент започна расправа по барањето за недоверба на владата на премиерот, Алексис Ципрас. Барањето го поднесе лидерот на најголемата...

Македонија3 дена

Хан: Лично ќе дадам поддршка за референдумот за името да биде успешен

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, смета дека решавањето на спорот за името меѓу Атина и Скопје има значење...

Македонија3 дена

Џафери со честитка за Бајрам: Сплотени да бидеме ветер кој ќе ја однесе Македонија во вистинскиот правец

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до сите припадници на исламската вероисповед упати честитка по повод големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам....

Досие