Daily news
Ѓорческа избори финале во дубл на турнирот во Кјасо
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, избори пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Кјасо, во игра на двојки. Партнерка на Ѓорческа на овој турнир е Бугарката Александрина Најденова.
Ѓорческа и Најденова, во полуфиналето, убедливо славеа против француско-швајцарската комбинација Жоржес-Суња со 6:1, 6:3.
За титулата Ѓорческа и Најденова ќе се борат против четвртите носителки Ван дер Хок од Холандија и Крамперова од Чешка.
Инаку, во петокот, Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфуналето во сингл, откако загуби со 2:1 во сетови од Катинка вон Дихман. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
