Daily news
Ѓукановиќ: НАТО членството е чест за црногорската историја и за народот
Црна Гора, по страдањата и талкањата низ историјата, конечно е на местото кое и припаѓа, во заедницата на најразвиени земји, порача лидерот на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, оценувајќи дека НАТО членството е чест на црногорската историја и граѓаните.
Црногорскиот парламент во петок во Цетиње го усвои Законот за потврдување на Северноатлантскиот договор, со кој се обезбедуваат услови за стапување на Црна Гора во НАТО. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
