Daily news
Јапонија одбележува 72 години од Нагасаки
Со едноминутно молчење во спомен на жртвите во јапонскиот град Нагасаки, денеска се одржа церемонија за одбележување на 72-годишнината од американскиот напад со атомска бомба.
На 9 август 1945 година во 11 часот и 2 минути беше фрлена атомската бомба од стратешки бомбардер „Б-29“.
Градоначалникот Томихиса Тауе прочита декларација за мир со повик за целосно нуклеарно разоружување. На церемонијата присуствуваа претставници од 60 држави. Бројот на жртвите од бомбардирањето на Нагасаки е 175.743 луѓе. Минатата година тој список беше зголемен со над 3,5 илјади нови имиња. Меѓу нив се и загинати за време на ударот чија смрт досега не беше потврдена.
Јапонските градови Нагасаки и Хирошима беа нападнати со атомски бомби. Тоа се единствени во историјата такви напади. Извршени беа кон крајот на Втората светска војна. Официјална цел беше – забрзана капитулација на јапонската империја.
САД ги оправдуваат постапките со „воена неопходност“.
Нагасаки беше бомбардиран три дена по Хирошима.
Првично, цел на нападот под команда на мајор Чарлс Суини бил градот Кокура во северниот дел на островот Кјушју. На 9 август утрото над тој град било исклучително облачно и поради тоа Суини донел одлука да го пренасочи бомбардерот кон Нагасаки.
Атомската бомба фрлена над Нагасаки била двапати помоќна отколку таа над Хирошима. Непрецизните координати и локалниот релјеф придонеле донекаде да се намалат штетите од експлозијата. Во самиот момент на ударот загинале 70 илјади луѓе во градот кој бил практично срамнет со земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
