Контакт

Daily news

Јапонците измислија лек што го убива грипот за еден ден

Објавено пред

Jапонските научници објавија дека направиле лек против грип од кој доволна е само една доза за да го убие вирусот за еден ден. Компанијата „Шионоги“ тврди дека лекот „балоксавир марбоксил“ дејствува посилно и подобро од сите познати лекови против грип. Според нив, една доза е доволна за ефикасно да ве излекува за еден ден.

Во третата фаза од клиничкото истражување, кое е спроведено минатата година, кај пациентите вирусот исчезнувал во рок од 24 часа.

Испитаниците во истражувањето, покрај „балоксавир марбоксил“, користеле и „тамифлу“, а дел биле на плацебо. Пациентите што биле на плацебо од грипот се спасувале за 96 часа, а тие на „тамифлу“ од вирусот се ослободувале за 72.

„Тамифлу“ го скратува природниот тек на болеста за еден ден ако се земе во првите 48 часа. Предноста на „балоксавир марбоксил“ пред „тамифлу“ е што е потребна само една доза за разлика од 10-те што се за другиот лек. За сузбивање на сите симптоми на болеста, сепак потребно е еднакво време, без разлика кој лек се користи.

Според „Шионоги“, брзината на дејствувањето на новиот лек може да биде клучна за спречување на ширење на заразата. Лекот „балоксавир марбоксил“ неодамна доби зелено светло за пуштање на пазарот во Јапонија, а во другите делови од светот се очекува да пристигне в година.

Сезонскиот грип годишно убива 650 илјади луѓе, а пазарот со лекови за грип во 2016 година изнесуваше 600 милиони долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...

Свет13 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...

Свет21 минута

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу...

Свет25 минути

(Видео) Нетанјаху ја нападна Европа: Израел и САД се на чело на слободниот свет

Израел вчера започна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно...

Забава35 минути

Храната како најдобар третман против стареење: Овие намирници ја затегнуваат кожата подобро од кој било крем

Иако стареењето е природен процес, надворешните фактори како што се изложеноста на сонце и, најважно од сè, исхраната, играат голема...

Забава52 минути

(Видео) Познатата манекенка не забава со милијардерот со кого има три сина

Миранда Кер уживаше во времето поминато со Еван Шпигел, со кого има три деца и со кого влезе во врска...

Забава1 час

(Фото) Какво тело: Манекенката плени во фустан наменет само за храбрите

Големиот музички фестивал „Коачела“ одамна започна, а познатите ѕвезди полека пристигнуваат. Хејли Бибер исто така неодамна привлече големо внимание. На...

Забава1 час

(Фото) Без грешка: Дефинитивно ќе ви се допадне ова издание на Јелена Розга

Секогаш беспрекорно облечена, Јелена Розга и овој пат пронајде начин да ги почасти своите бројни обожаватели со прекрасни сцени. Имено,...

Забава1 час

Како да изгубите пет килограми без ригорозни диети? Не сте го знаеле ова

Многу луѓе веруваат дека губењето тежина бара гладување, строга диета и откажување од сè што сакате. Сепак, тоа не е...