Контакт

Daily news

Јолевски на средба со амбасадорот на Франција и одбранбените аташеи на Франција и Турција

Објавено пред

 

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние на која присуствуваше и новоименуваното одбранбено аташе, полковник Жан – Мар Лавале и средба со новоименуваното нерезидентно одбранбено аташе на Република Турција, потполковник Рушен Абидиноглу.

 

На средбата со францускиот амбасадор Тимоние и новоназначеното одбранбено аташе на полковникот Лавале, Јолевски истакна дека соработката помеѓу двете земји во областа на одбраната е на високо ниво и дека и во континуитет треба да се прават напори истата уште повеќе да се развива. Соговорниците разговараа за степенот на реализација на планот за билатерална соработка. Полковникот Лавале го информираше министерот за понудата од Франција за заедничко учество во рамки на меѓународните мировни мисии предводени од Европската Унија.

 

Во разговорот со нерезидентното одбранбено аташе на Турција, министерот Јолевски се заблагодари за континуираната поддршка на вооружените сили на Турција за развојот на Армијата на Република Македонија, со акцент на воената помош. Воедно министерот посочи дека за АРМ и за Република Македонија особено важна е можноста за заедничко учество со турските сили во рамките на командата на главниот град на Авганистан, Кабул, како дел од мисијата „Одлучна поддршка“ и тоа со офицерски кадар што е еден нов квалитет на учеството во овие мисии. Јолевски и потполковникот Абидиноглу посочија дека одбранбената соработка меѓу двете земји е на највисоко ниво со тенденција тоа да продолжи и во иднина.

 

Јолевски и на двете средби се заблагодари за можностите за јазична едукација и едукација на воениот персонал на високо-образовните институции на двете земји, како начин за развој на припадниците на Армијата и нивна целосна интероперабилност со земјите – членки на Алијансата./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 секунди

Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови

Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, вчера вечер на плоштадот „Скендербег“ беше изведена театарската претстава „Лага“ од...

Свет4 минути

Египетски претседател: На Палестинците им остануваат не повеќе од 30 проценти од Газа

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси го повика Израел да се откаже од својот план за преземање контрола врз 70 проценти...

Свет9 минути

Мерц на самитот на Г7: Видов дека Трамп многу внимателно слуша за Украина, оптимист сум

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази задоволство од атмосферата на неговите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и другите лидери, велејќи...

Свет21 минута

(Видео) Трамп се потсмеваше дека сопругата го тепа Макрон: сега се сретна со неа, објавена снимка

Доналд Трамп се сретна со Емануел и Брижит Макрон за прв пат пред камерите на самитот на Г7, откако американскиот...

Македонија26 минути

Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен...

Спорт8 часа

(Видео) Голчиште на Мбапе, Франција го победи Сенегал

Франција го победи Сенегал со 3:1 (0:0) во првиот натпревар, одигран во И групата на Светското првенство. На „МетЛајф“ стадионот,...

Свет8 часа

Трамп тврди дека може да се оди пеш од Иран до Катар

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повтори својата географска грешка за време на разговорите на самитот на Г7 во Франција,...

Спорт9 часа

Бернардо Силва потпиша за Реал

Бернардо Силва, како слободен играч го засили Реал Мадрид. Искусниот португалски репрезентативец, кој беше еден од клучните играчи на Манчестер...

Забава9 часа

Витаминот Ц е важен и за здравјето на мозокот: Ново истражување открива изненадувачка врска

Витаминот Ц не само што придонесува за зајакнување на имунитетот, туку може да игра важна улога и во одржувањето на...