Контакт

Daily news

Јорданов: Казната за новинарски текст е правен преседан и притисок врз медиумите

Објавено пред

„Република Македонија е се подалеку од европските демократски стандарди. Во Македонија се изрекуваат затворски казни заради напишан новинарски текст. Одлуката на судот со која на три месеци затвор или условна осуда од една година се осудува уредникот на неделникот „Република“ за објавен текст е правен преседан и притисок врз слободните медиуми“, изјави Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ова не е првпат со насилства и притисоци да се заплашуваат новинарите на „Република“. „Новинари на „Република“ беа напаѓани од страна на непознати лице пред седиштето на СДСМ, случај кој не е расчистен. Јавноста се уште не знае дали е санкциониран и поранешниот директор на УДБА Бабамовски, кој насилно влезе во редакцијата на медиумот и им се закануваше на новинарите дека сите ќе завршат на Дрисла“, рече Јорданов.

Според него, јавноста е шокирана од фактот што судот ја донел пресудата без притоа да го повика на рочиште осудениот. „Прашуваме кому му пречел текстот, кој воопшто не е демантиран и кој нарачал вакви драконски мерки наместо да побара исправка доколку нешто не е точно во написот на „Република“? ВМРО-ДПМНЕ напоменува дека судот не смее да потпаѓа под  каков било притисок. Судот мора да постапува исклучиво во согласност со закон и да ги заштитува граѓаните и нивните права. Правната држава мора да профункционира. Судот мора да ги гарантира правата на граѓаните загарантирани согласно Устав. Судството како репрезент на третата власт мора да го почитува принципот на владеење на правото. Принципот на слободно новинарство мора да биде запазен од сите инстанци на власта. Овие принцип се едни од главените критериуми за придвижување на државата кон ЕУ и НАТО“, вели тој.

Според Јорданов, слободата на мислата и слободното новинарство не смеат да бидат жртва на политиката. Граѓаните мора да знаат кој е нарачателот на оваа срамна затворска пресуда која го поткопува новинарството.

„СДСМ ветуваше живот, слобода и демократија. СДСМ ветуваше слободни медиуми. Наместо тоа добивме заробени медиуми со новинари во страв да не бидат затворени за пишан збор. Цензура и притисок врз медиумите не смее да има. Притисокот врз медиумите не смее да стане наше секојдневие. Република Македонија е демократска држава и заслужува слободни медиуми кои ќе ја информираат јавноста. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикува сите новинарски здруженија во земјава, меѓународните новинарски организации, ОБСЕ, ОДИХР и меѓународни претставници да го осудат овој напад врз слобода на мисла и изразување. Слободното новинарство е темел на демократијата. Граѓаните тоа го заслужуваат“, изјави Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Русија нуди помош за Иран со залихите збогатен ураниум

Во услови на растечки шпекулации за нова рунда мировни преговори меѓу САД и Иран, Русија ја повтори својата понуда да...

Македонија7 минути

Гаши од Тирана: Реални можности дома се клучот за спречување на миграцијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше...

Свет8 минути

Иран: Нема информации за нови преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп наговести за можноста за продолжување на разговорите со Иран, велејќи дека „нешто може да се случи“...

Македонија9 минути

Support Kocani обезбеди креми во вредност од над 1 милион денари за лицата погодени од пожарот во Кочани

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за...

Свет17 минути

Трамп повторно ја критикува Британија. „Каков однос е тоа? Тие не беа тука кога ни беа потребни“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Скај њуз дека верува оти е „многу можно“ САД да постигнат договор со Иран...

Македонија26 минути

АВМУ за изјавата на Филипче: Апсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Венко...

Свет27 минути

Си Џинпинг повика на засилена стратешка координација меѓу Кина и Русија

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, повика на зајакнување на стратешката координација меѓу Кина и Русија со цел да се заштитат...

Спорт31 минута

Арбелоа: Ние сме Реал Мадрид, веруваме во победа во Минхен

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не гледа причина за паника пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против...

Свет32 минути

(Видео) Голем пожар во гаража на BYD во Кина, објавена е снимка

Кинескиот производител на електрични возила BYD потврди дека избувнал пожар во паркинг гаража во индустриски парк во Шенжен вчера наутро....