Daily news
Јункер: Не сум Балканот бргу да влезе во ЕУ, а не сум ниту за војна
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека не е за тоа земјите од Западен Балкан бргу да влезат во ЕУ, но исто така нагласи и дека на земјите на Балканот не смее да им се одземе европската перспектива.
Во интервју за „Политико“ тој вели дека ЕУ, наспроти годината полна со предизвици, е расположена да се справи со сите проблеми што ѝ стојат на патот – вклучително и брегзит и Доналд Трамп.
Јункер за брегзит рече дека со време луѓето ќе станат свесни за проблемите на дневна основа, без можност да донесат кохерентен одговор за нив.
Тој исто така истакна дека на американскиот претседател веќе му објаснил оти треба да престане да бара други земји да ја емитираат Велика Британија кога е во прашање излезот од ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
