Контакт

Daily news

Џафери очекува Македонија годинава да стане членка на НАТО

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Мирослав Јенча, помошник на генералниот секретар на Обединетите нации за политички прашања. На средбата присуствуваше и амбасадорката Луиза Винтон, резидентен координатор на Обединетите нации (ОН) и резидентен претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Џафери истакна дека Република Македонија како членка на ОН од 1993 година активно придонесува во сите свои агенции и програми. Земјата останува посветена на заложбите за почитување на обврските што произлегуваат од членството во доменот на човековите права, непролиферацијата на оружје, борбата против тероризмот, климатските промени и имплементацијата на милениумските развојни цели, но и за поддршка на мировните мисии на Организацијата во Либан – УНИФИЛ. Тој ги информира присутните дека Собранието на Република Македонија на 22 декември 2017 година ја ратификува таканаречената истанбулска конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, со што се овозможува имплементирање на обврските од конвенцијата во пракса.

Во однос на евроинтеграциските процеси, претседателот Џафери ја нагласи посветеноста на Владата и Собранието за спроведување на предвидените реформи, особено активностите од планот 3-6-9, кои веќе го бележат своето заокружување, чекорите преземени во однос на подобрувањето на добрососедските односи преку потпишување и ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и мерките за градење доверба и изнаоѓањето заемно прифатливо решение за спорот со Грција. По преземените чекори, неоспорно е очекувањето за добивање позитивен извештај со безусловна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ и констатирање на членството на земјата во НАТО оваа година.

Јенча му честита на претседателот Џафери за лидерството во смирувањето на ситуацијата во Собранието и за спроведувањето на неопходните реформи за кои Обединетите нации ја покажуваат својата солидарност и ги поддржуваат напорите за европска иднина на сите граѓани на земјата. Притоа тој го потенцира фактот дека амбасадорката Винтон и нејзиниот тим во земјата се на располагање за помош при спроведувањето на овие реформи.

Јенча се заблагодари за учеството на Република Македонија во мировните мисии, кое, иако мало по бројност, ја демонстрира решеноста на земјата за поддршка на активностите на Обединетите нации. Во однос на прашањето за името, тој констатира дека ова е вистинскиот момент и Обединетите нации и нејзиниот генерален секретар ќе ги поддржат сите напори за двете страни да направат исчекор напред и да се изнајде решение што ќе има придонес не само во билатералните односи меѓу двете земји туку и пошироко за стабилноста на регионот. На крајот, тој го потенцира значењето за градење консензус во државата за стратешките цели, како што е членството во НАТО и Европската Унија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава3 часа

Една навика по јадењето може да го држи шеќерот под контрола: лекарите со препорака

По обилниот оброк, многу луѓе само сакаат да се одморат на креветот, но експертите истакнуваат дека едноставна промена во рутината...

Свет3 часа

Стармер по оставката на министерот: Ќе направам сè за безбедноста на Велика Британија

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека „секогаш ќе прави сè што е потребно за да ја одржи земјата безбедна“, откако...

Македонија3 часа

Герасимовски во Капиштец: Секој граѓанин ќе може онлајн да ја следи бучавата на клучните точки во општината

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите...

Македонија3 часа

Жителите на Капиштец на протест: Секој викенд сме изложени на прегласна музика, сериозен проблем е и паркингот

На денешниот мирен протест, жителите на Капиштец со порака до надлежните институции, бараме почитување на законите, еднаков третман за сите...

Свет4 часа

Сè повеќе бездомници во Европa, трошоците за домување и цените на куќите значително зголемени

Зголемените трошоци за домување сè повеќе го прават правото на соодветно домување недостапно за многу Европејци, што доведува до брзо...

Свет4 часа

Зеленски за ЛГБТ правата: Ние сме модерни луѓе

Володимир Зеленски рече дека правата на ЛГБТ+ заедницата во Украина треба отворено да се дискутираат јавно, што е една од...

Македонија4 часа

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Турција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе...

Свет5 часа

Трамп: Ги откажувам нападите врз Иран, постигнавме напредок во преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth Social дека ги откажал планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва. Како причина...

Македонија5 часа

Утре променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето утре, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со...